3 хороскопски знаци кои ќе имаат одличен Ден на вљубените и уште 3 кои сепак ќе слават Св. Трифун

Како што се наближува Денот на вљубените, така се решаваат и дилемите кој празник ќе се слави. Некои ќе имаат романтична прекрасна вечер, а други, па подобро да излезат на некоја журка.

3-horoskopski-znaci-koi-kje-imaat-odlichen-den-na-vljubenite-i-ushte-3-koi-sepak-kje-slavat-sv-trifun-01.jpg

Најпрво, да видиме кои хороскопски знаци ќе имаат прекрасен Свети Валентин и нема да се грижат многу околу тоа со какво потекло е празникот:

Бик

Од сите хороскопски знаци, Бикот ќе има најжешка ноќ. Овој Ден на вљубените за нив ќе помине во знакот на љубовта и романтиката, а сигурно ќе биде проследен и со некоја романтична прошета и изненадување од страна на партнерот. Дури и ако одлучат да останат дома и да се гушкаат, ќе си поминат исто така одлично.

Стрелец

На Стрелците ќе им се посреќи кога најмалку очекуваат и во периодот околу Свети Валентин тие ќе бидат во прегратка на многу специјална личност со која нема да бидат сигурни дали е љубов, но ќе сакаат подобро да ја запознаат. Периодот по Денот на вљубените е поволен за дефинирање на оваа врска и за излегување од комфорната зона.

3-horoskopski-znaci-koi-kje-imaat-odlichen-den-na-vljubenite-i-ushte-3-koi-sepak-kje-slavat-sv-trifun-02.jpg

Јарец

За Јарците да имаат одличен Ден на вљубените, треба да заборават на рационалноста и прагматичноста и да се препуштат на љубовта и сексуалната привлечност. Овој период за нив е поволен поради владеењето на Марс, планетата на сексот и страста. Јарците во февруари, но и понатаму во годината ќе зрачат со страст и романса, па затоа треба да го ослободат своето срце и да се препуштат.

А, кои се трите хороскопски знаци кои не треба да негуваат преголеми очекувања за Денот на вљубените?

Овен

Иако вообичаено Овните се „оган“, овој Свети Валентин е подобро да го поминат во одмор, дружење и релаксирање. Овните овој период ги мачат финансиски кризи, па многу е веројатно дека ќе изберат да останат дома и да изгледаат некој добар филм, можеби и да читаат, без разлика дали се сингл или со партнер.

3-horoskopski-znaci-koi-kje-imaat-odlichen-den-na-vljubenite-i-ushte-3-koi-sepak-kje-slavat-sv-trifun-03.jpg

Рак

Овој Ден на вљубените не е наменет за романтика, драги Ракови. Поради непознати причини на овој ден ќе се навратите на нешто непријатно од минатото, кое ќе сакате да го задржите во себе. Ќе имате бура на емоции, но немојте да потпаѓате под црвената еуфорија на Свети Валентин. Бидете смирени, без разлика дали сте сингл или пак, сте во врска.

Вага

На Вагите следниот период ќе им биде наменет за социјализација и дружење, а многу енергија ќе посветат и на професионалното надоградување. Грижата за себе им е приоритет, па затоа нема ни да забележат дека е Ден на вљубените и ќе продолжат да го живеат денот како и секој претходно, посветени првенствено на самите себе.

3-horoskopski-znaci-koi-kje-imaat-odlichen-den-na-vljubenite-i-ushte-3-koi-sepak-kje-slavat-sv-trifun-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава