3 „удав“ девојки според хороскопот

Одредени хороскопски знаци имаат тенденција да бидат понапорни од другите, па ако сте во потрага по врска без обврска, следните три хороскопски знаци не се најпаметниот избор. 

3 udav devojki spored horoskopot 01

Овие девојки со сигурност се возбудливи, но истовремено бараат многу труд и работа.

Рак

Девојката во знакот на Рак е совршен партнер на многу начини. Ако барате љубов и разбирање, таа е вистинската. Таа е слатка и грижлива, но нејзината грижливост е токму тоа што ќе ве одвлече од неа.

Таа сака физичко внимание, па може да очекувате дека многу ќе се “вртка“ околу вас, притоа не срамејќи се бесконечно да ве бакнува на јавни места.

За неа допирот е единица мерка за љубов, а кога ќе бидете разделени ќе ве поплавува со пораки преку сите можни медиуми.

Девојката во знакот Рак не е баш вешта во стресни ситуации, а љубомората ја и е врежана длабоко во коските. Ако сте Овен, нема да имате трпение да се справите со неа.

Вагите исто така имаат проблем со овие девојки, бидејќи тие имаат инстинкт да ги задоволуваат сите околу себе, додека за девојката Рак никогаш ништо не е доволно.

Водолија

Оваа девојка  е романтична и не се плаши да го покаже тоа. Во голема неволја сте ако заборавите поважен датум и голем предизвик е да се справите со нејзиниот див дух.

Таа исто така лесно станува зависна од нештата, па ако и се допаднете малку повеќе набрзо може и да се опседне. Биковите и Шкорпиите имаат најголем проблем да се справат со девојка во знакот на Водолија.

Биковите се постојани и сакаат да бидат независни, а тоа е невозможно да се постигне со приврзана жена.

Шкорпиите нештата ги чуваат за себе, а девојката Водолија не може да поднесе да биде изоставена од случувањата.

Вага

Додека останатите хороскопски знаци се прилично независни, Вагата не може да поднесе да биде сама.

Овие девојки сакаат да функционираат во тим, дури и кога се работи за нешто што луѓето вообичаено го прават сами. Кога Вага ќе се приврзе за некого таа има потреба константно да биде во контакт со него.

Ќе мора да се вклопите во нејзината рутина за да не ја вознемирите. Ако таа се почувствува напуштена, приврзаноста ќе стане уште пострашна.

Раковите се слични на Вагите во многу нешта и можеби токму тоа е тоа што ги прави некомпатибилни. Нивната врска е хаос од емоции, па ваква комбинација не е препорачлива. Од друга страна, Јарецот има контрола врз своите емоции, па за него емотивните изливи на Вагата би биле премногу хаотични.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава