Што е астролошка психологија?

Овните се тврдоглави, Биковите се хедонисти, Близнаците се дволични, а Раковите се емотивни. Кога ќе се спомне астрологијата многумина од помислуваат на секојдневниот хороскоп, кој опишува дванаесет видови на личности. Но, луѓето се многу посложени од овие 12 генерални карактеристики.

Sto e astroloska psihologija 01

Хороскопските стереотипи можат да бидат интересни и забавни, но тие не се нешто со што треба да се оправдува нечие однесување. Кога ќе влеземе подлабоко во астрологијата откриваме многу повеќе. Пристапот на астролошката психологија служи за подобро разбирање на светот во нас. Грубо земено, астролошката психологија е јазик на енергија и искуство. Што значи тоа?

Од новите откритија во психологијата, вклучувајќи ја и психоанализата, астролозите и психолозите, во рамките на нивните сфери, постепено доаѓаат до подлабокото познавање на човечката психа. Првиот психолог, кој го проучувал и окултното, бил Карл Густав Јунг.

Тој сметал дека „Астрологијата ја опфаќа крајната сума на сите психолошки знаења на стариот свет“. Во своите истражувања ги вклучувал наталната карта и стекнатите знаења. После Јунг многу психолози продолжија да го развиваат овој пристап.

Астролошка психологија може да делува како синтеза на психологија и астрологија. На многу начини астрологијата беше првата психологија, со своите учења за природата на човекот. Вкоренети во премисата дека космосот ја одразува психата, раните истражувачи забележувале како природните циклуси и циклусите на планетите кореспондирале со природата и искуствата на човекот.

Sto e astroloska psihologija 02

Античките и средновековните астролози биле преокупирани со таканаречените „добри“ и „лоши“ планетарни позиции. Астрологијата во голема мера била ограничена на површни описи на особините и на сврзаните настани. Додека некои научници тврдат дека античката астрологија, всушност била сложена техника, не треба да се отфрли фактот дека нашите древни предци верувале во фаталистички и детерминистички модел на космосот.

Астролошката психологија не е детерминистичкa, напротив, психата е способна да се манифестира во биолошките и општествените услови. Материјалната реалност е концептуализиранa како синхронистички одраз на вродена психичка структура, која се развива со текот на времето. Од оваа перспектива, психата се рефлектира, но не зависи од позициите на планетите во моментот на раѓањето.

Да заклучиме, астролошката психологија е теорија на личности и дијагностичка алатка. Како теорија на личности ни открива како структурата и динамиката на психата се огледуваат во надворешните услови. Како дијагностичка алатка ни обезбедува увид во основните, карактерни проблеми.

Можеби хороскопот најдобро може да се сфати како симболична приказна, во која судбината се менува паралелно со развојот на карактерот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
3 хороскопски знаци чии животи до пролет драстично ќе се променат (на подобро) Бикови, по многуте подеми и падови од изминатите неколку години, влегувате во пе...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
4 месеци во кои се родени луѓе кои наскоро ги очекува можност што не смеат да ја пропуштат Ако сте родени во јуни, наскоро дефинитивно ќе ви се пружи можност која ќе ви го...
4 хороскопски знаци кои минуваат низ тежок период, но наскоро ги чека позитивна промена Лавови, можеби некој ви го скршил срцето, можеби некој ве разочарал или, едноста...

Најчитани неделава