Лавот си прави селфи фотки, Водолиите прават пауза на секои 10 секунди - како се однесуваат знаците додека вежбаат?

Се чини дека здравите навики станаа масовен тренд на кој никој не остана имун. Почнувајќи од храната и пијалаците до секојдневната физичка активност, сите се во константна трка да се хранат здраво и да изгледаат уште подобро.

lavot-si-pravi-selfi-fotki-vodoliite-pravat-pauza-na-sekoi-10-sekundi-kako-se-odnesuvaat-znacite-dodeka-vezbaat-001.jpg

Дел од нив го прават тоа за себе, а многумина колку да ја прошетаат новата опрема за вежбање и да си направат неколку селфи фотки пред огледалото во теретаната.

Како се однесуваат хороскопските знаци додека вежбаат?

Овен – вежба во друштво со пријателите. За него е најважно да биде опкружен со познати луѓе кои ќе го поддржуваат и мотивираат. Овенот смета дека постигнува подобри резултати покрај луѓето кои ги знае, бидејќи пред нив има одредена одговорност што се однесува до редовното вежбање. Доколку остане без поддршката од пријателите, многу веројатно е дека нема да отиде на вежбање и ќе остане дома со огромна ќеса чипс пред ТВ.

Бик – слушалките во уво наместени на најгласно и вежба на омилената музика. Самостоен, не се заморува што мислат другите околу него. Не се потресува дали ја има најновата опрема за вежбање, сака само да ги направи вежбите правилно. По малку самобендисан и инаетлив, не ги слуша советите од тренерот, бидејќи смета дека знае малку повеќе од него. Во ранецот секогаш чува неколку протеински чоколатца кои може да ги изеде и за време на вежбањето.

Близнаци - имаат уплатено членарина во најскапата теретана – и секако дека не одат на вежбање. Близнаците единствено сакаат да им поверувате дека редовно вежбаат и одржуваат здрав животен стил. Радо би излегле на кафе, во кино или би денгубеле со часови зјапајќи во една точка, само да не го трошат времето на некаква си физичка активност за топење калории… „Ех, да можеа да се стопат калориите со зборување…“.

Рак – „Сите гледаат во мене. Оние како да ми се потсмеваат… сигурно си мислат што бара оваа дебелата тука? Да не се изгубила случајно? Можеби ќе биде подобро да ослабам неколку килограми па да се вратам на вежбање. Да, оние згодните девојки дефинитивно ми се смеат. Знаев дека е лоша идеја да се запишам на вежбање…“ (тажно си го пакува ранчето, излегува со солзи во очите и не се враќа никогаш повеќе).

Лав – мисли дека е најубавиот и најзгодниот во групата со која вежба. Не само во неговата група, генерално е најубав од сите коишто доаѓаат да вежбаат. Обожава да прави паузи и да се гледа во огледалото. Прави околу 50 селфи фотки во сите можни пози. Изгледа совршено, косата е стокмена до последното влакно, практично блеска додека сите други се потат и црвенеат во образите.

Девица – најредовната вежбачка, ги знае сите тренери, нивните семејства и родендените на сите. Таа е единствената што им носи подароци. Секогаш има вишок крпа, стегач за косата или шише вода доколку ти е потребно. Доаѓа 15 минути порано со цел да се подготви за вежбањето. Практична и организирана, се надева дека по одредено време ќе може да ги води часовите и да го заменува инструкторот во отсуство, а воедно да ги казни сите оние коишто доцнат и не ги почитуваат правилата.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg