Лавот си прави селфи фотки, Водолиите прават пауза на секои 10 секунди - како се однесуваат знаците додека вежбаат?

Kako-se-odnesuvaat-znacite-dodeka-vezbaat-01.gif

Вага – се појавува 3 пати месечно на вежбање. Ги прави сите вежби без никаков проблем и изгледа исто во поглед на килограмите, не мрднала ниту грам подолу, ниту грам погоре на вагата. Се прашува дали можеби треба да си го исполни времето со нешто попаметно. На крајот сепак сфаќа дека вежбањето е корисно за здравјето и не може туку-така да се откаже… го завршува часот и се враќа по 2 недели повторно.

Скорпија – ги набљудува сите други како вежбаат. По малку ѝ се чини бесмислено сето ова. „Луѓето сериозно ѝ придаваат премногу значење на физичката активност. Зошто не земат да прочитаат некоја книга? До кога овој свет ќе биде опседнат со надворешната убавина?“ Додека ѝ поминуваат сите овие мисли низ главата дава сè од себе да го заврши часот што поуспешно. „Не може другите да вежбаат подобро од мене“.

Стрелец – кога конечно ќе се реши да се запише на некаква физичка активност која се одвива во затворена просторија, заплашен е од сите редовни вежбачи. Всушност, не може да ги поднесе нивните интерни шеги, нивната воспоставена рутина во групата. Се чувствува како натрапник и иако ја има платено членарината однапред, решава дека сепак е подобро да вежба сам, надвор на отворено.

Јарец – постојано е жеден. Мора да пие вода на секои 5 секунди, бидејќи водата е многу важна за хидратацијата на телото. Неговото специјално шишенце за вода чини колку една маичка за вежбање. Не може да ги сфати луѓето кои воопшто не пијат вода за време на вежбањето. Зарем не се жедни?

Водолија – прави пауза на секои 10 секунди додека вежба. Ќе го препознаете по вжештеното лице и запотеното тело. Менува неколку маички за време на часот, и размислува колку добро ќе му легне чаша пиво или вино по ова мачење. Дефинитивно не ужива во вежбањето и го прави ова само затоа што претпоставува дека ќе си го продолжи животниот век за неколку години.

Риби – ова се најпосветените луѓе во теретаната. Тие имаат толку многу енергија, што апсолутно е невозможно да го следите нивното темпо. Рибите се посветени вежбачи кои сериозно си ја сфаќаат работата, безмалку како професионалци. Би можеле да го преземат и одржат часот без проблем. Неуморни се, покрај вежбањето во теретана имаат уште неколку физички активности истовремено и не можат да замислат ниту еден ден без физичка активност.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg