Како да имате совршен сексуален живот со вашиот партнер Бик?

Биковите во љубовта се водени од планетата Венера, што значи дека се полни со сексуална енергија и целосно лојални на својот партнер.

kako-da-imate-sovrshen-seksualen-zhivot-so-vashiot-partner-bik-01.jpg

Посветени, независни, но и никогаш не им е тешко да се потрудат за да имаат што поквалитетна врска и подобар сексуален живот, тврдоглавите Бикови се едни од најстабилните кога се во прашање романтичните односи.

Ако сте во врска со Бик, тогаш треба да внимавате на следните четири чекори во вашата секси игра:

Подигнете го расположението

Тоа може да биде со некоја храна, вино, песна, свеќи или придушено светло. Биковите сакаат кога се трудите и кога сите нивни сетила се задоволени.

Предадете се на предиграта

На Биковите им значи да се посветите на играта. Ги ценат допирите, бакнежите и забавувањето. Особено сакаат кога флертувате со нив, а имајте на ум дека обожаваат уште малку да си играте и по сексот.

kako-da-imate-sovrshen-seksualen-zhivot-so-vashiot-partner-bik-02.jpg

Почнете со класична мисионерска

Со оваа поза немате простор за грешка. Мисионерската, иако некои ја сметаат за здодевна, всушност дава доволно време и можност партнерите да се навикнат еден на друг, на своите мириси, на бакнежите и погледите.

Подгответе се за „дивите каубои“

Бикот е животното кое владее со овој истоимен знак, па не е ни чудо што една од омилените пози на припадниците е токму онаа кога девојката „јава“. Испробајте ги сите варијации за да ја најдете омилената.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци на кои ќе им се случи љубовен пресврт до крајот на јули 2026 Ова е период во кој многу парови ќе разговараат за својата заедничка иднина, ќе ...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
3 хороскопски знаци на кои крајот на мај им носи раскинување или нова љубов Петтиот месец во годината полека се ближи кон својот крај, а според астролозите ...

Најчитани неделава