Водолиите гледаат видеа со мачки, а Раковите зборуваат со своите миленичиња - што прават знаците кога им е досадно?

Како вие се справувате со досадата? Постојат денови кога едноставно здодевноста ве убива и не знаете што со себеси.

Sto-pravat-znacite-koga-im-e-dosadno-01.jpg

Астрологијата вели дека секој од 12 знаци во зодијакот си има сопствен метод за справување со досадата. Стрелецот, на пример, ја користи оваа прилика добро да се опијани.

Бикот ќе ја светне целата куќа, а потоа… прочитајте што ќе направи за да се почести за доброто дело:

Овен – не знаејќи што со себе, се тушира со часови, практично додека не ја потроши целата топла вода. Досадата е одлична можност да ги испроба сите нови маски за лице и коса и да ги отстрани сите непосакувани влакна од телото. Овенот толку многу може да се внесе во целото ова спа-искуство, што на крајот ќе си закаже и масажа за потполна релаксација на умот и телото.

Бик – ќе ја светне целата куќа од подот до таванот. Кога Биковите се фаќаат за чистење тоа се граничи со опсесивно-компулсивно нарушување, ги чистат сите мали и тешко достапни вдлабнатини со четкичка за заби и во состојба се истото место да го пребришат над 10 пати. На крајот решаваат да се почестат со кутија сладолед. Не сакајќи да извалкаат што било во нивниот совршено среден дом, сладоледот го јадат со пластична лажица.

Близнаци – досадата ја убиваат со гледање неколку нискобуџетни филмови еден по друг. Филмови коишто никој не би му текнало да си ги пушти, Близнаците ќе си направат филмски маратон со нив. Ќе се прејадат нездрави грицки, мешајќи солено и слатко додека не се успијат пред ТВ или компјутерот со полу изедени ќесички храна.

Рак – ќе зборува со часови со своите миленичиња (кучето, мачето, златната рипка, сеедно). Ќе им ги раскаже сите свои проблеми и упорно ќе бара одговор од нив. „Каде погрешив? Зошто сите ме сфаќаат погрешно?“ Ќе си поплаче, па ќе се насмее и така во круг…

Лавот – го зема телефонот во рака и на сите им пишува колку многу му е досадно. По некое време и тоа ќе му здодее, па бира од именикот кому ќе му се јави да им досадува за тоа колку му е досадно. Ги одбива сите идеи кои му ги даваат другите во врска со тоа како да си ја пополни досадата. На крајот констатира дека сите се смотани, нивните идеи се смотани и дека сепак, тој е најпаметниот од сите нив.

Девица – си пушта класична музика. Си вари мераклиско кафе или си отвора шише вино. Си прави мезе самата за себе, дегустира и ужива без никакво брзање. Девицата во принцип ја сака досадата, тоа е време за одмор и релаксација. Најмногу мрази кога некој ненајавено ќе ѝ заѕвони на вратата во овие ретки моменти за одмор.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg