Хороскопските знаци во кино: Бикот не ги дели пуканките со никој, Лавовите само викаат „шшшш“

Сите уживаме кога се релаксираме со добар филм во кино, но како се однесува секој хороскопски знак во кино, што го нервира и кој знак е од оние што на сите им одат на нерви?

horoskopskite-znaci-vo-kino-bikot-ne-gi-deli-pukankite-so-nikoj-lavovite-samo-vikaat-shshshsh-1.jpg

Кога кино салата е полна, во неа има многу различни карактери, па што мислите, како би било кога ќе се најдат сите хороскопски знаци на едно место – да гледаат филм?

Секој со своите недостатоци се однесува различно и си го открива карактерот без да е свесен.

Што се случува кога сите 12 знаци се во кино и како се однесува секој од нив?

Овенот не сака да знае ништо за филмот и постојано им довикува на Близнаците: „Престанете да зборувате, не сте сами во кино“, додека грицка пуканки заедно со Водолијата и ѝ дозволува да изеде поголем дел од нив.

На Бикот му е речиси сеедно што се случува околу него, бидејќи тој е фокусиран само на филмот, како и на најголемата кофа со пуканки која можел да ја купи. Нормално, не му ни паѓа на памет да ги дели со некој.

Близнаците обожаваат филмови, но шансите се големи уште пред да дојде во кино веќе да знае што се случува во филмот, бидејќи ги изгледал сите видеа и ги прочитал сите критики. Она што им оди на нерви на сите е што кажува „спојлери“ без никој да побара од него.

Романтичниот Рак е залепен за Бикот, а додека му се приближува во потрага по заштита и можеби прегратка, пола кофа пуканки може да заврши на земја, но тоа не го вознемирува, бидејќи тој се стреми кон својата цел.

Лавот на сите им вика „шшш“ бидејќи му се напорни сите оние кои шушкаат со храната, јадат и џвакаат гласно или пак коментираат на секоја сцена, додека тој сака совршена околина за гледање филм, бидејќи - тој тоа и го заслужува, нели...

Девицата како и секогаш со остро око ги набљудува сите детали во сцените од филмот и не може да пропушти ниту една филмска грешка. Таа ги знае сите недостатоци во снимањето уште на прво гледање и секогаш знае да искоментира што не е во ред со филмот.

Вагата пак, толку се воодушевува од актерите, што уште на почеток си наоѓа омилен лик во кој се „заљубува“. Неа не ѝ е важно дали седи во прв или последен ред, бидејќи од секаде може да го види она што ѝ е најважно на филмското платно – најзгодниот/најзгодната актер/ка.

Таинствената Скорпија без „око да ѝ трепне“ навива за негативците во филмот, а мрачните сцени ја исполнуваат. Често мислењето за сцените го споделува со партнерот со кој е дојдена во кино, а Овенот од околината ѝ праќа осудувачки погледи, бидејќи не сфаќа како тоа ја фасцинира.

Саркастичниот Стрелец нема да одолее на сарказмот ниту во кино и постојано ќе дофрла коментари со Водолијата, независно дали истите се за сцените во филмот, начинот на снимање, или за луѓето кои седат во нивна близина.

Јарецот често се грижи за другите, па токму тоа го прави и во кино сала. Секогаш има подготвено повеќе храна и марамчиња кои им ги додава на оние кои плачат, најчесто на Рибите, но и на Ракот кој е навреден бидејќи Лавот му се развикал што пречи.

Водолијата пак, не само што внимателно го следи филмот, туку и не пропушта ништо за луѓето во редот пред неа, а никако не може да сфати како по само 20 минути од филмот Рибите веќе се расплакани. Исто така има око за сите пропусти во филмот.

Рибите не ги интересира буквално ништо што се случува во кино саката, освен секако, самиот филм. Тие дошле во кино со цел да го гледаат филмот и не обрнуваат внимание на околината. На крајот од филмот, тие излегуваат од киното со насолзени очи, бидејќи судбината на ликовите силно ги погодила...

M. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
6 хороскопски парови кои ќе имаат најепска љубов (и зошто) Овен и Стрелец – авантуристите: Тие се страсни, огнени и подготвени се да го осв...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg