Април - месец во кој три планети се движат ретроградно

Откако го поминавме (и преживеавме) ретроградниот Меркур, настапи месецот април во кој дури три планети се движат ретроградно.

april-mesec-vo-koj-tri-planeti-se-dvizhat-retrogradno-01.jpg

На 10 април тоа го направи Јупитер, на 24 април ќе почне Плутон, а на 30 април со ретроградно движење ќе почне Сатурн.

Што значи ова за астрологијата?

Настапувате во фаза на ретроспектива и ревизија на она што го правите. Отстранете ги сите извори на фрустрации. Отворено кажете „не“ на сè што ве успорува. Соберете сила и спротивставете се на секој кој се обидува да управува со вашиот живот.

Запрете малку, направете ревизија на сите планови и цели. Размислете што можете да подобрите.

Јупитер е планета на експанзијата, која помага полесно да стигнеме до целите, а со тоа и да стекнеме повеќе знаење. Поради неговата космичка интеракција со Нептун, кај некои луѓе ќе се појави збунетост, но оваа фаза е навистина кратка.

Во текот на ретроградните движења во април, луѓето се преиспитуваат себе дали некои идеи им се остварливи. Може да се случи одложување на некои планови или побавно остварување. Ова важи и за ретроградните движења и на Јупитер и на Плутон.ж

april-mesec-vo-koj-tri-planeti-se-dvizhat-retrogradno-02.jpg

Но, кога ќе настапи Сатурн, тогаш започнува фаза на амбиција, граници и авторитети. Сатурн е планета која спротивно од Јупитер, ве ограничува и ви поставува бариери.

Во текот на ретроградниот Сатурн, потребно е да имате кочници, за да можете да ги поднесете сите промени кои ќе се појават. Извлечете поуки. Ќе ви оди добро, но не треба да се навикнувате премногу.

Особено ќе бидете во искушенија на професионален план. Дури и кога сте попаметни од своите претпоставени, премолчете. Сатурн може и да ве врати во минатото, во дел каде сте оставиле некои нешта недовршени и недоискажани.

Остварувањето на плановите, иако бавно, ќе биде без поголеми препреки. Самите ќе успеете да детектирате каде во минатото сте грешеле и ќе се обидете да ги коригирате тие грешки.

Плутон пак, е карактеристичен по тоа што трансформира, руши и ги доведува нештата до крајот. Но, сето тоа е со цел за да имате простор да започнете со нешто ново.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Овен 2026-та година ќе биде охрабрувачка за Овните на повеќе нивоа. Користете ја секо...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
Годишен хороскоп за 2026: Близнаци 2026 година ќе ви донесе низа проблеми, во секој аспект од животот. Ако сте синг...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...
4 хороскопски знаци за кои втората половина од 2026-та ќе биде многу подобра Ракови, 2026-та е година на успеси за вас. Можеби уште не гледате резултати од ц...
Годишен хороскоп за 2026: Стрелец 2026 година за Стрелците носи длабоки промени, освестување и нови можности, при ...

Најчитани неделава