Една лага која сите си ја кажуваме за љубовта, според хороскопскиот знак

Секој има различна идеја за тоа како треба идеалната врска да изгледа и се стреми кон замислените цели во глава.

edna-laga-koja-site-si-ja-kazhuvame-za-ljubovta-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Но, покрај тоа, сите веруваме во некои работи со кои се тешиме, а всушност се обична лага.

Според хороскопот, секој знак, зависно од тоа дали е машко или женско, верува во некоја различна лага, но тоа не е клучот со кој ќе постигнете успех на љубовно поле.

Редно време е да се вратиме во реалноста, а во тоа ќе успееме ако престанеме да се лажеме себеси.

Овие лаги кои секој хороскопски знак си ги кажува всушност ве спречуваат да продолжите понатаму и ви ја уништуваат среќата во љубовта:

Овен

МажСите врски се стресни. Ако сте постојано под стрес во врската, тогаш нешто не е во ред, но тоа не значи дека секоја врска е таква и дека секоја личност ќе го предизвикува тоа. Ако не успевате да го поправите тоа, најдете партнерка која нема да ви предизвикува стрес и нервоза.

ЖенаТој е главниот виновник. Ако мислите дека со префрлање на вината на партнерот ќе се решат работите, се лажете. Последното нешто што некој го заслужува е партнерот постојано да го обвинува за нешто – што мислите, до кога ќе трпи?

Бик

Маж – Не вреди. Ако мислите дека сте ја нашле вистинската личност, не треба да се откажувате. Не е воопшто лесно да се успее и да се одржи стабилна и цврста врска. Но, ако ја имате вистинската личност покрај вас, вреди да се помачите, доколку тоа не ги надминува границите.

Жена – Јас сум виновна за сè. Добро е да сте критички настроени кон себе и да си ги признавате грешките, но не и оние кои не се ваши. Анализирајте ги добро ситуациите и не си ги препишувајте сите проблеми како ваша вина.

Близнаци

Маж – Можеби јас претерувам. Не, ако многу пати дошло до таа ситуација, веројатно не претерувате, само го барате она што го сакате и ви е потребно. Доколку вам не ви одговара тоа, побарајте партнерка и врска за која нема да мора да мислите дека претерувате и да се обвинувате.

Жена – Сите прават грешки. Точно, човечки е да се згреши, но постои граница до каде може да се оди, колку грешки ќе се направат и од кој тип се. Не ги оправдувајте грешките на партнерот само затоа што се плашите да го оставите.

Рак

Маж – Не сум доволно добар. Последната работа во која треба да се убедувате е дека не сте доволно добри. Ако некои врски не успеале, не значи дека секогаш вие сте виновникот, можеби само не сте ја нашле вистинската која ќе го извади најдоброто од вас.

Жена – Тој ќе се смени. Ова е најголемата лага во која некој може да верува. Време е да престанете да ја гледате подобрата верзија од него и да почнете да ја гледате реалноста.

Лав

Маж – Сите врски стануваат здодевни во некој период. Иако можеби во сите врски со тек на време пеперутките се намалуваат, сепак не сите врски се здодевни. Потрудете се да ја направите врската забавна и динамична, или пронајдете нова личност која ќе успее во тоа.

Жена – Ќе биде подобро. Ако веќе сте во врска која долго време се распаѓа, веројатно нема да стане подобро. Важно е да научите да препознавате кога работите не може да се променат и да престанете да се надевате.

Девица

Маж – Со разговор ќе се реши сè. Точно, комуникацијата е клучен фактор за успех на врските, но не секогаш разговорот може да ги реши сите проблеми, посебно ако е разговор полн со лаги. Наместо да верувате или давате лажни ветувања, обидете се да го решите тоа со дела.

Жена – Тој не мислеше така. Ако мислите дека за да ја спасите врската треба да се уверувате дека тој не ги мисли лошите работи кои ги кажува или прави, грешите. Ако направил нешто што ја поминува границата, не треба да му ги оправдувате делата – не е последен на светот.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Една тајна навика која ја има секој хороскопски знак кога ќе се заљуби – која е вашата? Девици - Вашето скриено однесување: Забележувате сè за оваа личност и го запомну...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...

Најчитани неделава