Според хороскопскиот знак: Кои жени се најдобрите емотивни партнерки?

Ѕвездите многу говорат за тоа дали вашата животна сопатничка ќе биде грижлива, пожртвувана или, пак, себична во сериозна и долга врска. Претставничките на три знаци котираат највисоко, според астролозите, како идеални за припадниците на посилниот пол.

spored-horoskopskiot-znak-koi-zheni-se-najdobrite-emotivni-partnerki-1.png

Овие жени се најдобрите емотивни партнерки – според хороскопскиот знак:

spored-horoskopskiot-znak-koi-zheni-se-najdobrite-emotivni-partnerki-2.png

Рибите се мошне сензитивни, но и отворени кога станува збор за емоциите и чувствата. На прв поглед делуваат плашливо, а во суштина тие добро набљудуваат. Чувствителноста ги прави одлични емотивни партнерки.

Мажите не треба да се грижат ни за нивната верност. Прават сè за да ја задоволат личноста со која се заедно, така што оние кои ги имаат девојки или сопруги родени во споменатиот знак, навистина може да се наречат среќници.

spored-horoskopskiot-znak-koi-zheni-se-najdobrite-emotivni-partnerki-3.jpg

spored-horoskopskiot-znak-koi-zheni-se-najdobrite-emotivni-partnerki-4.png

Стрелците се совршен пример за луѓе кои се подтготвени на жртва за саканата личност. Во конкретниот случај, жените се тие што ќе сторат буквално сè за љубениот.

Секогаш пробуваат да најдат првин решение за туѓите проблеми, а дури подоцна ќе се погрижат за своите. Тежнеат да бидат „силата “ во врската, мотивирајќи и обидувајќи се да го извлечат најдоброто, како од себеси, така и од втората половина.

Мажите кои се вљубени во претставничките на овој знак, може да сметаат дека тие ќе им го подарат нивното срце во целост, како и да бидат сигурни дека безусловно ќе ги сакаат.

spored-horoskopskiot-znak-koi-zheni-se-najdobrite-emotivni-partnerki-5.jpg

spored-horoskopskiot-znak-koi-zheni-se-najdobrite-emotivni-partnerki-6.png

Јарците честопати делуваат повлечено и вообразено на почетокот. Меѓутоа, штом малце подобро ги запознаете, тие мошне брзо ќе го покажат своето вистинско лице.

Жените се исклучително амбициозни и сиот живот се обидуваат да ги постигнат зацртаните цели – што е вредност кога е врската во прашање.

Прилично се пребирливи при изборот на сопатник, одбирајќи внимателно маж што им одговара на нивните очекувања и склоности. Затоа, пак, кога еднаш ќе се одлучат за некого, тој може да биде радосен, бидејќи како емотивни партнерки се максимално приврзани.

Ќе се потрудат ништо да не му недостасува додека се заедно.

spored-horoskopskiot-znak-koi-zheni-se-najdobrite-emotivni-partnerki-7.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Близнаци 2026 година ќе ви донесе низа проблеми, во секој аспект од животот. Ако сте синг...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Какво лето ве очекува годинава, според хороскопскиот знак? Риби, на почетокот од летото подгответе се за неочекувани, (а и несакани) средби...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава