Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Кога (конечно) ќе ја најдете својата сродна душа според хороскопскиот знак?

koga-konecno-ke-ja-najdete-svojata-srodna-dusha-spored-horoskopskiot-znak-2.jpg

ВАГА

Кога ќе сфатите дека животот не секогаш е фер, ќе ја најдете својата сродна душа. Понекогаш врските „пукаат“, луѓето заминуваат без причина и работите ви немаат смисла. Но, не можете целиот живот да се раководите по логика и фер игра.

Вие сакате јасна завршница, мир и разбирање од луѓето од кои едноставно нема да ги добиете. Едноставно пуштете ги луѓето кои биле нечесни кон вас и вашето срце и отворете го истото за некој што ќе се однесува добро кон вас.

СКОРПИЈА

Ќе ја пронајдете сродната душа кога ќе го прифатите фактот дека не секој е искрен како што сте вие и не секој може да се соочи со вистината онака храбро како што вие го правите тоа.

Некои луѓе кажуваат мали „бели“ лаги со цел да не ги повредат чувствата на другите. Вие можеби не верувате во овој концепт на однесување, но вашиот партнер може да верува. Вашата искреност им помага на луѓето дури и кога делумно ги повредувате, но не секој е толку силен како вас.

Имајте трпение и повеќе разбирање за оние коишто се почувствителни и поранливи, вашата сродна душа може да е токму таква.

СТРЕЛЕЦ

Кога ќе престанете да давате празни ветувања кои и самите знаете дека не можете да ги исполните ќе ја најдете вистинската љубов. Убаво е да се има големи соништа и да гаите надежи, но кога ќе се симнете на земјата, надежно, таму ќе ве чека личноста која ќе ве држи приземјени.

Продолжете да сонувате, да истражувате и патувате, но немојте да давате ветувања во кои не верувате и немате намера да ги исполните за некој друг. Вашата сродна душа нема да очекува чуда од вас, но заслужила да ја знае вистината и да знае дека секогаш ќе бидете тука за неа.

ЈАРЕЦ

Кога конечно ќе престанете да го очекувате најлошото од луѓето, љубовта конечно ќе затропа на вашата врата. Не сите ќе ве повредат на истиот начин како што тоа го направи вашиот поранешен партнер.

Ја сакате својата независност, но тоа не значи дека ќе ја изгубите покрај партнерот. Да се биде во врска не значи дека нужно мора да зависите од некого или дека ќе ви ги скрати крилјата и слободата.

Кога ќе сфатите дека љубовта значи доверба, вложување труд и ранливост и кога ќе започнете да ги демонстрирате сите овие работи во врската, ќе ја најдете сродната душа.

ВОДОЛИЈА

Некој понекогаш може да ви докаже дека не сте во право. Кога ќе го прифатите фактот дека не знаете сè и дека мислењата и ставовите може да ви се разликуваат со оние на партнерот, тогаш сте на вистинскиот пат.

Вие сте природно надарени интелектуалци коишто немаат време и трпение за глупавост, но кога ќе запознаете некој кој е подеднакво интелигентен како вас, бидете подготвени дека некогаш туѓите аргументи ќе ве побијат.

Прифатете дека не може секогаш да бидете во право и да победувате, особено во врските и љубовта ќе дојде природно.

РИБИ

Кога ќе престанете да ја давате сета своја љубов и емпатија на луѓето коишто апсолутно не ги заслужуваат, ќе направите место за нова, подобра љубов. Навикнати сте на врски со луѓе во коишто љубовта е еднонасочна. Вие секогаш се вложувате и давате повеќе и тоа ви е прераснато во навика.

Ќе сфатите дека љубовта значи подеднакво вложување и кога ќе ја најдете личноста која е подготвена да ви го даде сето ова, ќе бидете среќни. Но секако, имајте на ум дека мора да ѝ го дозволите тоа.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg