Кога (конечно) ќе ја најдете својата сродна душа според хороскопскиот знак?

Дали сè уште сте во потрага по вистинска љубов? Според астрологијата, секој од знаците треба да помине одредени предизвици, препреки и искушенија за да ја пронајде својата сродна душа.

koga-konecno-ke-ja-najdete-svojata-srodna-dusha-spored-horoskopskiot-znak-1.jpg

За Јарците ова значи дека мора да престанат да го очекуваат најлошо од луѓето и да проектираат црни сценарија. За Водолиите – прифаќањето на фактот дека не се најпаметни и не може секогаш да знаат сè и да бидат во право.

Кога вие ќе ја пронајдете својата според знакот во хороскоп?

ОВЕН

Кога ќе престанете импулсивно да им ѕвоните на поранешните партнери во моментите кога се чувствувате осамено, ќе ја пронајдете својата сродна душа.

Убедени сте дека поранешното момче или девојка сè уште мислат на вас. Кога конечно ќе сфатите дека треба да ги преболите наместо да се смирувате со нив, ќе ја најдете личноста која е совршена за вас и која нема никогаш да ве остави.

БИК

Престанете да го чувате своето срце толку заштитено како во некој оклоп. Мислите дека сите сакаат да ве повредат, затоа што ова ви се случувало во минатото.

Но, кога ќе ја најдете личноста која целосно ви одговара наместо да ја буткате од себе мора да ја пуштите да ви се приближи. Спуштете го гардот и срушете ги ѕидовите, бидејќи колку и да е силна, вистинската личност нема да може да помине преку нив без вашата помош.

БЛИЗНАЦИ

Во моментот кога ќе сфатите што навистина сакате, постојат големи шанси да ја пронајдете својата сродна душа. По природа сте неодлучни, но да се сака некој е прашање на избор и вие едноставно ќе мора да одлучите.

Оние кои ви се додворуваат ги оставате со десетици неодговорени прашања, не откривајќи ништо за себе и иднината. Но, кога ќе најдете некој што вистински ви се допаѓа полека ќе почнете да ги одговарате прашањата.

РАК

Ќе ја пронајдете својата сродна душа тогаш кога ќе сфатите дека таа не е во вашиот круг на блиски пријатели и познаници. Мора да сфатите дека сосема веројатно е сè уште да не сте ја запознале својата вистинска љубов.

Бидете отворени кон нови искуства и познанства, дозволете им на другите луѓе да ви се приближат. Ова понекогаш е застрашувачко, но ќе видите дека давањето шанси и преземањето ризици на крајот ќе се исплати.

ЛАВ

Кога ќе сфатите дека не сте центар на вниманието и целиот свет не се врти околу вас, ќе ја пронајдете својата сродна душа. Вистинската љубов ќе се опсипува со љубов и внимание, но бидете свесни дека нема да ви биде роб кој ќе трчка за секоја ваша мала и голема потреба.

Кога ќе сфатите дека љубовта значи подеднакво вложување од страна на двајцата партнери, ќе најдете некој што е совршен за вас и ќе се вложува во врската онолку колку што и вие.

ДЕВИЦА

Ќе ја најдете својата сродна душа кога конечно ќе започнете да верувате во себе и ќе сфатите дека сте вредни за сакање и љубов. Никој нема да биде онолку строг кон вас колку што сте вие самите. Никој нема да биде ниту толку организиран, методичен, прагматичен, толку многу настроен кон одржувањето на хигиената во домот како што сте вие.

Затоа дадете им шанса на оние кои покажуваат наклоност кон вас и на оние „помалку совршените“ од вас. И повторувајте си дека сте вредни за љубов.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg