Како изгледа еден ден на плажа со сите хороскопски знаци?
Денот поминат на плажа со сите хороскопски знаци може да биде вистински хаос - едни цел ден прават селфи фотки, други не престануваат да јадат, трети се врткаат наоколу чекајќи внимание...
Што прават хороскопските знаци на плажа?
Сонцето сјае над плажата, па Вагата се сонча и веднаш потемнува, а Водолијата веќе почнува да се пече и гори.
Лавот почнува да се „фрцка“ наоколу и си го покажува телото, но за жал, никој не го забележува. Девицата веќе става 5-ти слој крема за сончање, додека Бикот го јаде третиот сендвич.
Ракот се обидува да се впушти во летна авантура, а Рибите веќе 10-ти пат се обидуваат да направат совршено селфи на плажа. Стрелецот веќе одлучил да отплива во длабочините на морето и никој не може да го види.
Скорпијата се обидува да има секс на плажа, но за жал – има деца насекаде. Јарецот шета околу плажата и бара загубени вредни предмети.
Секако, денот завршува така што Овенот и Близнаците се уапсени за претерано пиење во јавност и нарушување на мирот...
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





