Љубовен хороскоп за август 2019: Вагите – врска на далечина, Девиците – ќе паднат на „зафатена“ личност

ljuboven-horoskop-za-avgust-2019-vagite-vrska-na-dalechina-devicite-kje-padnat-na-zafatena-lichnost-021.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Во првата половина на месецот повеќе ќе излегувате и ќе се забавувате со заеднички пријатели. Ќе ви годат кратки викенд патувања со партнерот бидејќи ви се потребни заеднички активности. во втората половина очекувајте повеќе интимни моменти и зближување. Ќе се посветите повеќе еден на друг и можно е да отидете чекор напред во врската.

Ако сте слободни:

Преку заеднички пријатели ќе запознаете личност која доаѓа од далеку, а која ќе ви се допадне на прв поглед. Ќе ви се разбудат емоциите и ќе почнете да се гледате. Кон средината на месецот можно е да се впуштите во авантура, а чувствата може да ве натераат да најдете решение за врска на далечина. Очекувајте големи промени.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во првата половина на август ќе си ги исполните заедничките цели во кои долго време сте вложувале многу време и средства. Ќе бидете среќни и исполнети, а со тоа и повеќе ќе се согласувате. Односот ќе ви напредува повеќе од очекуваното, а во втората половина можно е заедничко патување и повеќе време посветено на дружење со пријатели.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете некој што ќе ви се допадне на прв поглед, но нема да ви биде лесно да остварите прв контакт. Ќе мора да се потрудите да откриете кои ви се заеднички интереси за да успеете да ја освоите личноста. Набрзо ќе се зближите и ќе се разбудат страсти, а кон крајот на август може да влезете во врска.

Стрелец

Ако сте во врска:

Уште од самиот почеток на месецот ќе забележите дека полесно се разбирате со партнерот и ќе успеете да најдете заеднички јазик, со што ќе решите многу недоразбирања кои биле пречка за вашата врска. Во втората половина на месецот ќе ви годи кратко заедничко патување. Внимавајте на спонтаните обврски кои ќе ви излезат и не дозволувајте да го запоставите целосно партнерот,  бидејќи тоа може да ви ги наруши сите планови.

Ако сте слободни:

Очекувајте ново интересно познанство на одмор, патување или на заедничка дружба. Веднаш ќе почувствувате обострана хемија и работите помеѓу вас ќе се одвиваат брзо. Во втората половина на месецот уште повеќе ќе се разгорат чувствата и можно е да влезете во стабилна врска, без разлика што можеби далечината ќе претставува пречка.

Јарец

Ако сте во врска:

Ќе внесете нови активности во врската и ќе успеете да се договорите околу сите детали кои претходно претставувале проблем. Отворени сте за предлози за тоа како да го искористите слободното време, а да не западнете во монотонија. Ќе остварите некоја заедничка цел која долго сте ја планирале, а втората половина од месецот е погодна за патувања.

Ако сте слободни:

Преку интензивни дружби со пријатели и познаници ќе запознаете личност со која ќе делите многу заеднички интереси и ќе имате друштво за целовечерни разговори. Ќе почнете да се гледате приватно и уште повеќе да се зближувате. Иако чувствувате обострана привлечност, ќе бидете воздржани бидејќи двајцата не сте подготвени за врска, но работите може да се променат до крајот на месецот.

Водолија

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот во врската ве очекуваат среќни моменти и подобрување на односите. Ќе се дружите со заеднички пријатели и ќе бидете вклучени во активности кои претходно сте ги запоставиле, а ви годат. Ќе се фокусирате на стекнување нови заеднички искуства и уште повеќе ќе ја зајакнете врската.

Ако сте слободни:

Ќе уживате во патувањата, забавата и дружбата со пријателите, а тоа може да ве донесе до некоја нова личност која ќе ве привлече на прво гледање. На почетокот ќе бидете отворени за минлива авантура, но во другата половина на месецот работите ќе станат нешто повеќе од авантура. Ќе откриете дека сте складен пар кој има шанса за сериозна врска.

Риби

Ако сте во врска:

Ве очекува подобра комуникација со партнерот и ќе остварите напредок во односите уште од почетокот на месецот. Ќе успеете да се усогласите околу некои заеднички договори од претходно. Ќе покажете иницијатива и ќе поминувате повеќе време заедно, што ќе му годи на партнерот. Кон средината на месецот можни се неочекувани несогласувања и напнатост, но набрзо ќе го решите и тоа. Излегувајте почесто на места кои двајцата ги сакате.

Ако сте слободни:

Ќе паднете во искушение и ќе се навратите на некој бивши партнер и ќе сакате да се обидете повторно. Сепак, некое ново познанство може да ве разубеди од помислата и ќе ви биде одлична прилика да започнете нешто ново. Бидете внимателни на почетокот заради лошото минато искуство. Брзо ќе се зближите и ќе стекнете доверба, па можно е да започнете и врска.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg