Што е најдоброто, а што најлошото кај вашиот хороскопски знак?

Вага

Најдоброто: Шармантни сте и имате изострено чувство за тактичност и дипломатија. Умеете да ги зближите луѓето онака како што никој друг не може. Трпеливи сте и може да ги ислушате другите луѓе без никакви предрасуди и обвинувања.

Имате позитивен став кон животот, сакате да патување, да излегувате и да се забавувате. Се грижите за луѓето околу вас и секогаш сакате да си поминат најдобро што може кога се во вашето опкружување.

Најлошото: Толку многу сте сконцентрирани да покажете дека однадвор сè изгледа совршено и прекрасно, што ги запоставувате сите други работи. Суштински не се грижите дали работите се поправени, а проблемите решени, сè додека привидно нештата изгледаат во ред.

Најчесто сами правите драма, „од ништо – нешто“ само за да ги „поправите“ нештата и да испаднете херојот на крајот. Им дозволувате на луѓето да газат по вас, па подоцна ги мразите од дното на душата, не осудувајќи се да застанете исправено и да заземете став.

Скорпија

Најдоброто: Интелигентни сте и интригантни, умеете магнетски да ги привлечете луѓето и да оформите контакти и пријателства. Страсни сте и харизматични, немате никаков проблем да им кажете на луѓето колку се убави или прекрасни и да го освоите нивното внимание.

Формирате многу цврсти, длабоки, искрени пријателства со блиските луѓе и пред нив не се плашите да бидете ранливи.

Самосвесни сте и многу интуитивни, умеете да си ги анализирате сопствените емоции и мисли, да се излекувате себеси и притоа да им помогнете и на другите да се подучат од вашето искуство.

Најлошото: Манипулативни сте и измамници, заинтересирани само за врските кои ќе ги задоволат вашите потреби. Лажењето ви доаѓа природно и лесно. Кревате ѕидови околу луѓето кои не ви се интересни и сакате да ги држите на дистанца.

Верувате дека најдобро умеете да се снајдете сами, сите околу вас непотребно ви го одвлекуваат вниманието и се практично товар кој не сакате да го влечкате на грбот.

Никој не е доволно добар за вас. Cе сомневате во сѐ и секого и одбивате да го видите потенцијалот или доброто во луѓето околу вас.

Стрелец

Најдоброто: Смешни сте, имате одлична смисла за хумор и добро срце кое ви овозможува да го гледате само позитивното кај луѓето. Спонтани сте, имате авантуристички дух и секој ден го живеете со ентузијазам и полни гради.

Можете да се адаптирате речиси кон сите луѓе и да си поминете најубаво дури и да сте фрлени на некој пуст остров. Го гледате само доброто во животот и сте решени да го живеете до максимум. Имате чувство дека животот е игра, а вие ги знаете правилата за победа. „Само напред и само позитивно“, тоа е вашето мото.

Најлошото: Неодговорни сте и бесчувствителни, опседнати само со она што вам ве исполнува и ве прави среќни. Толку многу се плашите дека ќе пропуштите некоја нова шанса, што постојано мора да бидете слободни, необврзани кон никого и ништо.

Не сте искрени и ова го правите наводно за да не повредите луѓето, кога всушност не се ни грижите доволно за да дадете конструктивен коментар.

Одбивате да се соочите со реалноста, со секојдневните обврски и најчесто живеете во својот фантазерски свет. Сакате да се потпирате на другите луѓе кога сте во неволја, иако никогаш не сте тука за нив кога сте им вистински потребни.

Јарец

Најдоброто: Имате изразена работна етика и знаете како треба да се завршат задачите. Поставувате високи цели, но речиси секогаш ги исполнувате.

Знаете како добро да балансирате помеѓу работата и останатиот дел од вашиот живот. Никогаш не ги занемарувате луѓето коишто ви значат и се грижат за вас.

Ја почитувате традицијата, но знаете кога треба да се направи компромис, а кога е дојдено времето да се борите за сопствените верувања. Лојални сте и секогаш доаѓате на помош кога сте им потребни на другите.

Најлошото: Му давате предност на успехот пред сè останато. Ги игнорирате сите кои сметате дека нема на никаков начин да придонесат во остварувањето на вашите цели.

На емоциите гледате како на слабост и се држите до ладната, сурова, логика. Одбивате да сочувствувате со кого било, бидејќи сакате да сте секогаш на врвот. Песимисти сте, непристојни и поставувате ниски очекувања со цел да не бидете разочарани.

Остри сте и без влакна на јазикот и прилично горделиви. Не ви е гајле доколку повредите нечии туѓи чувства, бидејќи сметате дека другите луѓе се премногу сензитивни.

Водолија

Најдоброто: Интересни сте и секогаш имате зборови полни надеж и охрабрување. Со ваша помош, луѓето го гледаат и доживуваат светот на поинаков начин. Имате нежно срце и изразено чувство за правда. Секогаш го давате најдоброто од себе кога имате можност да помогнете некому.

Воедно им давате поддршка и мотивација на луѓето коишто сакате да успеат. Остроумни сте и секогаш преземате брза акција од своите идеи. Самоуверени сте и неконвенционални, не се плашите да бидете она што сте и никогаш не се извинувате за личноста каква што сте.

Најлошото: Го гледате светот како место полно со лоши и лицемерни луѓе и имате предрасуди кон сите кои не го делат вашето мислење и став.

Сметате дека љубовните врски само ве успоруваат и ве задржуваат назад, додека може да постигнете многу повеќе. Затоа не вложувате премногу емоции кон партнерите.

Нетрадиционални сте и имате одбивност кон сите оние кои строго се држат до традицијата. Постојано држите лекции за тоа како луѓето може да го направат светот едно подобро место за живот, но вие самите ретко станувате од столчето и преземате таков тип на акција каква што проповедате.

Риби

Најдоброто: Емпатични сте и интуитивни, можете да се поврзете со луѓето на многу нивоа. Релаксирани сте и имате позитивен став кон животот. Не се потресувате за ситници. Тука сте за луѓето кога им е потребна вашата помош.

Имате обѕир кон туѓите чувства и не сте себични. Не само што ги толерирате другите луѓе, туку и се обидувате да им помогнете најдобро што можете. Мислите и на нивните потреби, но во текот на целиот тој процес не се заборавате и себеси.

Најлошото: Неодлучни сте и многу конфузни во начинот на којшто комуницирате. Велите едно – правите друго. Привлечени сте кон луѓето на коишто сте им потребни и често пати се ставате намерно во токсични ситуации.

Имате потенцијал да ги прелажете и манипулирате останатите, бидејќи лесно умеете да ги „прочитате“ луѓето. Им ја знаете слабата точка на луѓето, знаете како да ги направите ранливи и ова понекогаш го вртите во сопствена корист.

Сакате да се правите важни, иако не сте сигурни во своите избори. Ретко останувате доследни и верни, и на себеси и на останатите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg