Лавовите читаат скриени намери, Скорпиите мразат кога некој ги игнорира - Кратки, но вистинити објаснувања за знаците
Астрологијата претставува лесен и интересен начин да открие малку повеќе за секој од 12-те знаци од Зодијакот.

Генерално, сите знаеме дека Биковите се тврдоглави, Девиците добро организирани, Скорпиите одмаздољубиви… но, дали би сакале да дознаете нешто повеќе за секој од нив + останатите 9 знаци?
Подолу ќе пронајдете објаснување во неколку куси, но вистинити реченици за секој од хороскопските знаци:
Овен
- Однадвор зрачат со „Не се поигрувај со мене“, а одвнатре всушност мислат: „Сакај ме“.
- Премногу се паметни за сопственото добро.
- Не обрнуваат премногу внимание на емоциите, освен на своите.
- Еден од најлесните начини да ги изгубите е да ги излажете.
- Потајно се големи плачковци.
- Премногу зборуваат, па тешко ќе препознаете кога се сериозни, а кога се шегуваат.
- Умеат да ги убедат луѓето да ги направат најнепромислените нешта.
- Кога сите се во паника, тие ја држат контролата во своите раце.
- Додека зборуваат, уживаат да гестикулираат со рацете.
- Овните се типови на луѓе што ги гризат усните додека зборуваат, и ненамерно си пуштаат крв од нив.
Бик
- Однадвор изгледаат многу тивки и смирени, а внатре во нив гори вистински оган.
- Не ја губат контролата лесно, но кога еднаш ќе ја изгубат ќе видите вистински демон пред вас.
- Тешко им веруваат на емоциите на другите луѓе.
- Способни се да ве повредат доколку повредите животно.
- Особено важно им е добро да се наспијат.
- Премногу се грижат за луѓето што ги сакаат.
- Мамат во друштвени игри како карти или „Не лути се човеку“.
- Одлични, лојални пријатели.
- Но, премногу се селективни со кого го поминуваат своето време и како ја трошат енергијата.
- Додека зборуваат имаат обичај да ги поткреваат веѓите.
- Тврдоглави се, но нивните прегратки се најдоброто нешто откако сте имале многу тежок ден.
Близнаци
- Во нив владее емоционален хаос, ниту една емоција не е на вистинското место.
- Знаат многу непотребни факти и податоци.
- Но, зборот „сон“ како да не постои во нивниот речник.
- Најлошото нешто што може да им се случи е да им биде здодевно, стануваат кенкави и напорни како мали дечиња.
- Големи нарциси.
- Мислат дека никогаш не грешат.
- Се обидуваат да ги изразат своите чувства на 1001 начин, но се чини дека ниту еден не е вистинскиот.
- Обожаваат грицки. Често пати се чувствуваат несфатено.
- Своите чувства ги маскираат со хумор или индиферентност.
- Умеат да го насмеат речиси секој. Се лажат себеси.
- Премногу чувствителни и многу несигурни длабоко во себе.
- Често пати го менуваат расположението за 180 степени, од среќа во тага.
- Изгледа како се да вклопуваат секаде и никаде, истовремено.
Рак
- Одаваат вибрации на љубов, но во себе си мислат „Само прелажи ме и ќе видиш што ќе ти се случи“.
- Не знаат како да се справат со сопствените чувства.
- Драма. Драма. Драма.
- Знаат да бидат многу себични. И непредвидливи.
- „Остави ме на мир. Но, посвети ми внимание“.
- Телефонот е како сраснат дел од нивното тело.
- Нивните вистински пријатели знаат сè за семејството на Ракот, иако никогаш не го виделе.
- Многу пати се ставаат во улогата на жртви.
- Одлични слушатели се и умеат да ги дадат најдобрите совети, иако често пати не се водат по нив.
- Се грижат за тоа што мислат другите за нив, и тоа многу.
- Прават гримаси со усните и ги употребуваат рацете додека нешто објаснуваат.
- Неодоливо симпатични се кога се лути.
- Децата ги обожаваат!
- Умеат брзо да ги смират луѓето.
- Најчесто се неразбрани и несфатени, бидејќи не дозволуваат некој да ги сфати и разбере.
Лав
- Одлични идеи, остар ум, брз начин на размислување.
- Високи морални вредности.
- Потребно им е постојано внимание и опсипување со комплименти.
- Умеат да ги прочитаат сите ваши скриени намери
- Понекогаш се шегуваат на сметка на туѓите несигурности.
- Понекогаш пак прават добри нешта и услуги за луѓето, без да размислуваат за тоа.
- Иако се опкружени со многу луѓе, најчесто се чувствуваат многу осамено.
- Си зборуваат сами со себе кога никој не ги гледа.
- Несигурни се, но добро го кријат тоа.
- Под фасадата на смирена личност се крие бура од емоции и лудило.
- Често пати намигнуваат.
- Никогаш нема да си дозволат да плачат или да се чувствуваат ранливо пред некој друг (освен ако добро не го познаваат).
Девица
- Секогаш имаат изгледа како да сакаат да убијат некого.
- Начитани, елоквентни, подвижна енциклопедија за податоци.
- Се интересираат за чудни нешта.
- Одлично умеат да комуницираат со другите луѓе и секогаш расположени за помош.
- Но, се лутат кога работите не се одвиваат онака како што си замислиле.
- Секогаш се помеѓу границата на интроверти и екстроверти.
- Душкала се и може да следат некого без тој воопшто да ги забележи.
- Не може да седат мирни доколку некој не им зборува, макар тие биле причината за караницата.
- Анксиозни се, но одлично го контролираат ова и сметаат дека светот нема потреба да гледа дел од нивните слабости.
- Најчесто се смеат без покажување на заби.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак?
Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа)
Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават
На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат)
Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу)
Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари.
...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак
Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...