Лавовите читаат скриени намери, Скорпиите мразат кога некој ги игнорира - Кратки, но вистинити објаснувања за знаците

Астрологијата претставува лесен и интересен начин да открие малку повеќе за секој од 12-те знаци од Зодијакот.

Kratki-no-vistiniti-objasnuvanja-za-znacite-01.jpg

Генерално, сите знаеме дека Биковите се тврдоглави, Девиците добро организирани, Скорпиите одмаздољубиви… но, дали би сакале да дознаете нешто повеќе за секој од нив + останатите 9 знаци?

Подолу ќе пронајдете објаснување во неколку куси, но вистинити реченици за секој од хороскопските знаци:

Овен

  • Однадвор зрачат со „Не се поигрувај со мене“, а одвнатре всушност мислат: „Сакај ме“.

  • Премногу се паметни за сопственото добро.

  • Не обрнуваат премногу внимание на емоциите, освен на своите.

  • Еден од најлесните начини да ги изгубите е да ги излажете.

  • Потајно се големи плачковци.

  • Премногу зборуваат, па тешко ќе препознаете кога се сериозни, а кога се шегуваат.

  • Умеат да ги убедат луѓето да ги направат најнепромислените нешта.

  • Кога сите се во паника, тие ја држат контролата во своите раце.

  • Додека зборуваат, уживаат да гестикулираат со рацете.

  • Овните се типови на луѓе што ги гризат усните додека зборуваат, и ненамерно си пуштаат крв од нив.

Бик

  • Однадвор изгледаат многу тивки и смирени, а внатре во нив гори вистински оган.

  • Не ја губат контролата лесно, но кога еднаш ќе ја изгубат ќе видите вистински демон пред вас.

  • Тешко им веруваат на емоциите на другите луѓе.

  • Способни се да ве повредат доколку повредите животно.

  • Особено важно им е добро да се наспијат.

  • Премногу се грижат за луѓето што ги сакаат.

  • Мамат во друштвени игри како карти или „Не лути се човеку“.

  • Одлични, лојални пријатели.

  • Но, премногу се селективни со кого го поминуваат своето време и како ја трошат енергијата.

  • Додека зборуваат имаат обичај да ги поткреваат веѓите.

  • Тврдоглави се, но нивните прегратки се најдоброто нешто откако сте имале многу тежок ден.

Близнаци

  • Во нив владее емоционален хаос, ниту една емоција не е на вистинското место.

  • Знаат многу непотребни факти и податоци.

  • Но, зборот „сон“ како да не постои во нивниот речник.

  • Најлошото нешто што може да им се случи е да им биде здодевно, стануваат кенкави и напорни како мали дечиња.

  • Големи нарциси.

  • Мислат дека никогаш не грешат.

  • Се обидуваат да ги изразат своите чувства на 1001 начин, но се чини дека ниту еден не е вистинскиот.

  • Обожаваат грицки. Често пати се чувствуваат несфатено.

  • Своите чувства ги маскираат со хумор или индиферентност.

  • Умеат да го насмеат речиси секој. Се лажат себеси.

  • Премногу чувствителни и многу несигурни длабоко во себе.

  • Често пати го менуваат расположението за 180 степени, од среќа во тага.

  • Изгледа како се да вклопуваат секаде и никаде, истовремено.

Рак

  • Одаваат вибрации на љубов, но во себе си мислат „Само прелажи ме и ќе видиш што ќе ти се случи“.

  • Не знаат како да се справат со сопствените чувства.

  • Драма. Драма. Драма.

  • Знаат да бидат многу себични. И непредвидливи.

  • „Остави ме на мир. Но, посвети ми внимание“.

  • Телефонот е како сраснат дел од нивното тело.

  • Нивните вистински пријатели знаат сè за семејството на Ракот, иако никогаш не го виделе.

  • Многу пати се ставаат во улогата на жртви.

  • Одлични слушатели се и умеат да ги дадат најдобрите совети, иако често пати не се водат по нив.

  • Се грижат за тоа што мислат другите за нив, и тоа многу.

  • Прават гримаси со усните и ги употребуваат рацете додека нешто објаснуваат.

  • Неодоливо симпатични се кога се лути.

  • Децата ги обожаваат!

  • Умеат брзо да ги смират луѓето.

  • Најчесто се неразбрани и несфатени, бидејќи не дозволуваат некој да ги сфати и разбере.

Лав

  • Одлични идеи, остар ум, брз начин на размислување.

  • Високи морални вредности.

  • Потребно им е постојано внимание и опсипување со комплименти.

  • Умеат да ги прочитаат сите ваши скриени намери

  • Понекогаш се шегуваат на сметка на туѓите несигурности.

  • Понекогаш пак прават добри нешта и услуги за луѓето, без да размислуваат за тоа.

  • Иако се опкружени со многу луѓе, најчесто се чувствуваат многу осамено.

  • Си зборуваат сами со себе кога никој не ги гледа.

  • Несигурни се, но добро го кријат тоа.

  • Под фасадата на смирена личност се крие бура од емоции и лудило.

  • Често пати намигнуваат.

  • Никогаш нема да си дозволат да плачат или да се чувствуваат ранливо пред некој друг (освен ако добро не го познаваат).

Девица

  • Секогаш имаат изгледа како да сакаат да убијат некого.

  • Начитани, елоквентни, подвижна енциклопедија за податоци.

  • Се интересираат за чудни нешта.

  • Одлично умеат да комуницираат со другите луѓе и секогаш расположени за помош.

  • Но, се лутат кога работите не се одвиваат онака како што си замислиле.

  • Секогаш се помеѓу границата на интроверти и екстроверти.

  • Душкала се и може да следат некого без тој воопшто да ги забележи.

  • Не може да седат мирни доколку некој не им зборува, макар тие биле причината за караницата.

  • Анксиозни се, но одлично го контролираат ова и сметаат дека светот нема потреба да гледа дел од нивните слабости.

  • Најчесто се смеат без покажување на заби.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg