Кои се најголемите стравови и комплекси на секој маж, според хороскопот?

Мажите не се бестрашни суштества, а според хороскопот, секој од знаците има некој страв по што е препознатлив – кој е вашиот?

koi-se-najgolemite-stravovi-i-kompleksi-na-sekoj-mazh-spored-horoskopot-01.jpg

Исто како и жените, и мажите имаат свои стравови, комплекси и фрустрации, а хороскопот открива кои се тие за секој од нив.

Мажите секако ќе сакаат да проверат дали ќе се пронајдат во овие карактеристики, а жените пак, ќе сакаат да дознаат некоја „скриена тајна“ за мажите.

Што открива хороскопот – кои се најголемите стравови и комплекси на мажите?

Овен

Најголема желба на овие мажи им е да бидат први секогаш и секаде. Но, доколку забележат дека некој се сомнева во нивната супериорност, тие веднаш се затвораат во себе. Се плашат дека нема да бидат најдобри и имаат потреба од постојано внимание и пофалби.

Бик

Овие мажи се плашат од неочекувани и ненадејни изненадувања, кои не се под нивна контрола. Сè што ќе се испречи на патот и ќе ја попречи нивната стабилност, може да ги излуди мажите Бикови.

Близнаци

На типичните Близнаци не им е потребен туѓиот аплауз и пофални зборови за нивниот интелект. Тие знаат дека се најпаметните родени мажи некогаш. Но, кога некој ќе се посомнева во нивните зборови, тоа ги допира длабоко. Станува збор за нарцисоидност и ништо повеќе.

Рак

Мажите во знакот на Рак се многу зависни од туѓото мислење и постојано чекаат одобрување од другите, но кога ќе се соочат со критицизам, тоа го прифаќаат тешко и болно, а тоа не можат да го скријат.

Лав

Ако мажот Лав некогаш и во најлуд сон се посомнева во својата уникатност, тој нема да може да го поднесе ова. Па, најголемиот страв веројатно му е некој да не ја нападне неговата гордост.

Девица

Девиците се самокритични, а веројатно тоа им е најголемиот недостаток, бидејќи така си ги истакнуваат недостатоците и ги покажуваат комплексите. Тие се критикуваат што се срамежливи, имаат прекумерна тежина, не изгледаат доволно добро, а исто така се сомневаат и во менталните способности.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Како секој хороскопски знак (суптилно) ќе ви покаже дека се заљубува во вас? Ако навистина им се допаѓате на Рибите, тие ќе ви ги раскажат своите соништа. По...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg