Кои се најголемите стравови и комплекси на секој маж, според хороскопот?

koi-se-najgolemite-stravovi-i-kompleksi-na-sekoj-mazh-spored-horoskopot-02.jpg

Вага

Овие мажи секојдневно трошат многу сила, нерви и пари за сите околу нив да бидат среќни, задоволни и ненавредени. Но, веројатно сите се свесни, освен самите тие, дека тоа е невозможно, па овој факт им создава чувство на анксиозност и разочарување.

Скорпија

Чувствителност, сентиментаност и ранливост – ова се трите најболни точки на мажите Скорпии, а најмногу стравуваат некој да не дознае како да ги „предизвика“. Иако тие знаат да ги сокријат стравовите и комплексите, критицизмот го прифаќаат многу тешко.

Стрелец

Мажите Стрелци не знаат како да губат. Исто како Лавовите, така и овие мажи веруваат дека тие се уникатни и не сакаат никој да се сомнева во тоа, посебно не љубовните партнери. Заради овој страв тие бараат од нивните сакани да бидат почитувани како „посебни“ личности.

Јарец

Јарците често знаат да си создадат комплекси за нивниот изглед во минатото и тоа ги прави ранливи кога ќе станат повозрасни, што им создава проблеми и постојан недостаток на внимание.

Водолија

Мажите Водолии најмногу се плашат од јавно зборување и во такви случаи, тешко им е да се изборат со возбудата и тремата, што често предизвикува да се чувствуваат непријатно и да изгубат самодоверба.

Риби

И мажите припадници на овој знак исто така се зависни од мислењето на другите и чекаат одобрување за секоја ситница, бидејќи дури и најмалата критика насочена кон нив, за нив е голем удар кој не можат да го поднесат.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хипохондрици, посесивни: Мрачната страна на секој хороскопски знак Кои се најлошите карактеристики на секој знак од зодијакот? Некој има лош темпер...
Eдна причина поради која секој хороскопски знак се плаши од себеси Вага - Се плашите дека поради вашата добрина луѓето ќе мислат дека смеат да газа...
Лавот – „Јас можам“, Водолијата – „Јас знам“ – Мотото на секој хороскопски знак Секој од 12-те хороскопски знаци си има своја мантра, односно свое мото по кое ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg