Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Кој лик од Хари Потер му одговара на вашиот хороскопски знак?

Богатиот свет на вештерки, волшебници и други волшебни суштества, креирани од Џ.К. Рулинг, освои многумина и останува извор на инспирација и разни теории на фановите. 

Koj lik od Hari Poter mu odgovara na vasiot horoskopski znak 01

Она што го преземала од реалниот свет се дванаесетте хороскопски знаци, со сите атрибути што им се припишуваат. 

Не само што знаеме дека хороскопските знаци се исти, туку знаеме и кој лик му припаѓа на кој знак. Откријте кој лик од Хари Потер му одговара на вашиот хороскопски знак!

Овен: Фред и Џорџ Визли

Овие близнаци се родени на 1 април, денот на шегата, а тоа во голема мерка ги определи нивните ликови. Тие уживаат во шеги на секој чекор. Нивниот хумор доаѓа од чисто уживање во него, а инспирацијата ја земаат од детската енергија и потреба за авантури.

Бик: Професор Хорас Слагхорн

Биковите не сакаат да бркаат позиции, поради стресот што го избегнуваат. Тие имаат одличен вкус и уживаат во малите нешта, за да почувствуваат хедонистичка страст. Хорас Слагхорн обожава друштво на успешни, моќни, познати луѓе, но самиот не сака да биде во фокусот.

Близнаци: Драко Малфој

Иако е пример на антагонист кој се обидува на секој можен начин да го отежни животот на главните ликови, не е сè толку црно-бело во неговиот свет. Како Близнак, тој може да ги види двете страни на нештата, и честопати се губи во тоа, не знаејќи кој е вистинскиот пат.

Koj lik od Hari Poter mu odgovara na vasiot horoskopski znak 03

Рак: Доби

Раковите најмногу уживаат да поминуваат време со своите најблиски, на кои им се посветуваат во секоја смисла. Тие често ги гледаат пријателите како семејство, исто како и Доби. Неговата емпатија, лојалност и заштитна природа го прават одличен пример на Рак.

Лав: Хари Потер

Исто како и во секое општество, секогаш знаете кој е Лавот, па има смисла главниот лик да биде Лав. Лавовите понекогаш се гледаат себеси како главни ликови во животот на другите луѓе. Иако Хари не сака сите да зборуваат за него, има моменти кога се однесува како да сака да го обожаваат.

Девица: Хермиона Гренџер

Девиците се педантни, уредни и сè треба да биде совршено за нив. Кај Хермиона не смее да се пронајде ниту една грешка, без оглед на притисокот. Секогаш сјае под притисок, а само блиските пријатели можат да ја запознаат целосно.

Koj lik od Hari Poter mu odgovara na vasiot horoskopski znak 04

Вага: Професорката Минерва Мекгонагал

Постои стереотип дека Вагата лесно се вљубува и поврзува, но точно е и дека им е потребна независност. Кога била млада, професорката Мекгонагал била заљубена во Дугал Мекгрегор, но го оставила за да ги постигне своите цели. И покрај своето скршено срце, таа стана остварена и моќна вештерка.

Скорпија: Сириус Блек

Тој е единствениот кој успеал да избега од Азкабан. Како што Скорпиите се стремат кон интимност, чесност и тајност, таквата аура го прати и Блек. Многу од неговите тајни се откриваат постепено, со голем шарм, но и трагичност.

Стрелец: Рубеус Хагрид

Стрелците се водени од желба да патуваат, а кога тоа не е можно, ќе се обидат да го заменат овој копнеж со некоја друга активност, без разлика дали се работи за читање, испробување нови јадења или чување на егзотични ѕверови.

Хагрид е вистински претставник на неговиот знак, кој сака да научи нови работи и да го задржи својот млад дух додека го пренесува своето знаење на другите.

Јарец: Професор Северус Снејп

Според принципите на Јарецот, како се однесуваш - тоа ќе ти се врати, или во превод - должноста мора да се изврши, каква и да е. Снејп верува дека секој го добива она што го заслужува, иако немаме увид во неговите чувства.

Како вистински Јарец, тој би жртвувал сè што е потребно за нешто или за некој, ако верува дека вреди.

Koj lik od Hari Poter mu odgovara na vasiot horoskopski znak 02

Водолија: Луна Лавгуд

За разлика од Лавовите, Водолиите не бараат да ги обожаваат. Важно им е нивните идеи и постапки да бидат забележани и прифатени. Луна секогаш го привлекува вниманието, но ретко има поддршка. Таа ги третира сите на ист начин, без разлика какви се.

Риби: Рон Визли

Луѓето во овој знак можат да бидат многу креативни и имагинативни, но честопати се дистанцирани. И покрај сето ова, тој е многу лојален пријател кој секогаш се враќа на своето позитивно расположение.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...
3 хороскопски знаци кои знаат да креираат совршена врска со своите деца Овен: Ги ценат семејните вредности и кога ќе основаат семејство преземаат одгово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg