Како влијае есента на вашиот хороскопски знак?

Есента, како и секое друго годишно време, сосема различно влијае на секој хороскопски знак.

kako-esenta-vlijae-na-vasiot-horoskopski-znak-01.jpg

Во каков човек се трансформирате кога надвор малку ќе залади?

Овен

Овенот не е романтичен знак – тивките ноќи покрај оган, со вечера и свеќи го доведуваат до очај. На него му е потребна акција, адреналин и страст.

На овој знак му одговара вжештена атмосфера налик онаа на фудбалски натпревар. Единствено ви останува да се надевате дека неговиот тим ќе победи, бидејќи она што Овенот повеќе мрази од досада – е пораз.

Бик

Кога се работи за романтика, Бикот е традиционален тип. Есенско јавање на коњи, во некое изолирано село е доволно за да го одржите во добро расположение.

Пронајдете удобен етно ресторан за вечера и не штедете пари – бидејќи Биковите сакаат квалитет и се водат по правилото колку поскапо – толку подобро.

Близнаци

Близнаците секогаш ги интересира што се случува на политичката сцена, така што некое интригантно политичко прашање во здодевна есенска вечер би било добар погодок.

Не само што ќе им дадете прилика да ја згаснат жедта за знаење и нови информации, туку ќе можат да развијат дискусија. А, ако можете да го натерате Близнакот да зборува, тогаш сте на добар пат до неговото срце.

kako-esenta-vlijae-na-vasiot-horoskopski-znak-02.jpg

Рак

Раковите поминуваат многу време грижејќи се за сите околу нив, па омилени им се деновите кога можат да се вратат во својата комфор зона и да се опуштат.

На Ракот доволно му е жешко какао, топло ќебе и галење покрај оган или некој стар романтичен филм. И не заборавајте на добрата храна, бидејќи што повеќе калории, толку посреќен Рак.

Лав

Лавовите сакаат да бидат третирани како кралеви и кралици, бидејќи нели тоа и се, така што екстравагантните планови се одличен начин да им го задржите вниманието.

Закажете викенд на луксузна дестинација со обилна шведска маса или појадок во кревет и некое добро џакузи или СПА.

Девица

Свесни за важноста на здравјето и еко-пријателскиот однос кон светот, Девиците обожаваат излети во село, па секоја берба на јаболка или тикви ќе им биде задоволство, без оглед на тоа колку ќе ги извалкаат рацете.

Потоа направете рецепт од она што сте го собрале и дозволете ѝ на Девицата да ги дигне рацете и нозете во воздух, бидејќи ретко има шанса за такво опуштање.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски парови кои ќе имаат најепска љубов (и зошто) Овен и Стрелец – авантуристите: Тие се страсни, огнени и подготвени се да го осв...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg