„Ако сакам да испадне сè како што треба, ќе го направам сам“ – зошто треба да имате другар во знакот на Скорпија?

За нив велат дека се најнеразбирливиот знак во хороскопот. Силните и мистериозни Скорпии се управувани од планетата на моќта и контролата Плутон и планетата на војната и енергијата Марс.

Zosto-treba-da-imate-drugar-vo-znakot-na-Skorpija-01.jpg

Оттука, јасно е дека Скорпиите се моќни, сакаат да ја држат контролата во своите раце, не се плашат од вербални, ниту физички конфликти и се толку многу енергични, што ретко кој знак може да застане рамо до рамо со нив.

Скорпиите имаат многу сложен карактер. Ова е знакот кој ги симболизира сексот и смртта. Скорпијата е крајот и почетокот на сè. Иако ги анализираат работите од емоционална гледна точка и најчесто преовладува срцето, истовремено тие се и многу реалистични и сите случувања во животот ги прифаќаат разумно.

Зошто треба да имате барем еден другар роден во знакот на Скорпија?

Кога сакаат, тоа го прават безусловно и искрено. Тие се најлојалните пријатели кои може да ги имате во животот. Ќе дојдат во ниедно време од денот или ноќта доколку го побарате тоа од нив и ќе го превртат светот наопаку да ви помогнат или да го исполнат ветувањето коешто ви го дале.

Ќе стојат до вас дури и кога нема да бидете во право бидејќи се подготвени да ве бранат по секоја цена. Доколку имате непријател, тој автоматски станува и смртен непријател на Скорпиите. Нивната лојалност е практично заслепувачка, или сакаат од срце или мразат некого од длабочината на душата. Средина речиси и да не постои кај нив.

Скорпиите се брутално искрени. Секако, доколку го побарате тоа од нив. По природа се тактични, ги одмеруваат внимателно зборовите, родени дипломати. Но доколку побарате од нив сурова искреност ќе ја добиете истата.

Доколку сепак не сакате да го слушнете нивното мислење и совет, а веќе сте го побарале, во очите на Скорпијата вие се смалувате колку зрно, бидејќи инстантно ја губат почитта кон вас.

Скорпијата е идеална симбиоза на интроверт и екстроверт. Во еден момент може да бидат весели, опуштени многу комуникативни. Веќе во следниот да бидат сосема мирни, молчаливи и повлечени во себе. Сè зависи од моментот, ситуацијата или луѓето со кои се опкружени.

Она што е важно да го знаете е дека ретко кога вие може да им помогнете. Тие најчесто се потпираат на себеси и сите проблеми преферираат да ги решаваат самите. Тоа не значи дека не се подготвени да ви помогнат вам. Едноставно не сакаат да им се мешате во нивните работи.

Не сакаат кога некој им паметува. Особено кога ќе ги употреби зборовите „Зарем не ти реков?“. подобро врзете си го јазикот во устата отколку да ѝ го кажете ова на една Скорпија.

Особено многу ги мразат луѓето кои зборуваат „на памет“, односно знаат само работи во теорија, а не искусиле ништо од она што го зборуваат во пракса или во реалноста. Со таквите навистина не сакаат да си го губат времето, бидејќи тоа им е драгоцено.

Скорпиите ценат луѓе кои умеат да разговараат, имаат богат речник и се изразуваат убаво. Сакаат паметни и начитани луѓе со кои ќе дискутираат со часови на најразлични теми без да погледнат во часовникот.

Сакаат комуникативни и искрено луѓе, токму онакви какви што се и самите. Доколку сте интроверти кои не сакаат да споделуваат информации, искуства и ставови, држете се подалеку од нив, бидејќи нема да ве сакаат во нивното друштво.

Секоја Скорпија има силно изразена интуиција и вграден детектор за лаги. Тие го забележуваат она на што другите не умеат да обрнат внимание. Додека зборувате суптилно ве скенираат од глава до петици и одлично умеат да проценат дали ја кажувате вистината или лажете.

А најмногу од сè мразат лажговци, лоши лажговци. Скорпијата умее да процени лага по тонот на зборување, по гестикулациите, а најмногу по информациите доколку не се совпаѓаат со нејзината меморија, која е одлична, речиси беспрекорна.

Скорпиите се секси, харизматични и мошне шармантни. Не мора да бидат најубавите во собата, но секогаш се најзабележани каде и да стапнат. Тие едноставно зрачат со магнетизам и луѓето обожаваат да се вртат во нивната близина.

Но, мошне пребирливи се кога станува збор за нивното друштво. Блиските пријатели ги бројат на прстите од една рака, па затоа треба да бидете особено поласкани доколку една Скорпија реши да ве пушти во својот живот. Ќе знаете дека имате вистински пријател за навек.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg