Најлошите денови во 2020-та според астролозите

2020 година ќе биде многу интересна ако им веруваме на астролозите - многуте средби и планети што се преклопуваат ќе носат многу проблеми. Затоа подгответе се за деновите што доаѓаат и вооружете се со трпеливост.

Astrolozite velat deka ova ke bidat najlosite denovi vo 2020 godina 01

 Астролозите велат дека ова ќе бидат најлошите денови во 2020 година:

23 март - Марс и Плутон во Јарец

Подгответе се да бидете опседнати со постигнување на вашите цели, какви и да бидат. За жал, тоа ќе значи дека ќе мора да се расправате со некои од вашите колеги или пријатели. Ќе имате и големи проблеми во љубовните врски.

31 март - Марс и Сатурн во Водолија

Енергијата во овој период ќе нè направи поодлучни, не само да го освојуваме светот, туку и да им ги наметнуваме своите мислења и верувања на другите луѓе. Можеби е подобро да се држите настрана од социјалните мрежи тој ден.

13 јуни - Марс и Нептун во Риби

Очекувајте проблеми на сите полиња овој ден.

13 август, 9 октомври и 23 декември - Марс во Овен се среќава со Плутон во Јарец

Како што Марс станува ретрограден во есента 2020 година, ќе имаме несреќа да се сретнеме со неговата енергија три пати годинава. Можно е овие денови да бидете многу себични.

Astrolozite velat deka ova ke bidat najlosite denovi vo 2020 godina 02

21 декември - Јупитер и Сатурн во Водолија

Овој транзит се случува еднаш во 19 години. Обединети, овие планети создаваат природна амбивалентност кога работат заедно. Тие нè прават несигурни за нашата иднина и создаваат тензии во партнерствата.

31 декември - Венера во Стрелец со јужната половина на Месечината

Ќе се изгубиме во љубовта. Оваа позиција на планетата ќе направи да се чувствуваме болни од љубовта и финансиски нестабилни.

Ќе бидете заглавени во минатото и веројатно ќе тагувате за некои поранешни партнери. А, можеби ќе направите и некои финансиски грешки или ќе се посветите на погрешна личност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...

Најчитани неделава