Хороскопските знаци на телефон: Биковите – шармираат со еротски глас, Стрелците – ќе ве расположат

Овните се гласни и звучат како да наредуваат, Стрелците имаат моќ да ве утешат и расположат, а Биковите шармираат – како зборуваат хороскопските знаци на телефон?

horoskopskite-znaci-na-telefon-bikovite-sharmiraat-so-erotski-glas-strelcite-kje-ve-raspolozhat-01.jpg

Сите ние имаме различни начини на зборување преку телефон и го користиме јавувањето за различни цели.

Хороскопот открива каков е секој знак кога зборува на телефон, што може да добиете од нив кога ќе им се јавите или во кој случај може да очекувате повик од нив.

Овен

Кој друг би можел да биде тој што зборува толку гласно што може да ви ги „дупне“ ушите? Секако дека Овенот е тој што и по телефон звучи како да дава наредби, дури и кога ви изјавува љубов. Припадниците на овој знак бираат телефонирање пред допишување, бидејќи така можат полесно да издадат наредби, а ако сакате пријатен разговор – останете смирени во зборувањето за да не ги предизвикате.

Бик

Сензуалните Бикови имаат моќ за слаткоречиво заведување, па телефонот го користат како средство за шармирање. Тие се во состојба да зборуваат со часови со мрзелив и еротски глас. Веројатно никој друг нема да може да ве добие, бидејќи Биковите постојано ќе ве држат зафатени. Ако имате некој што ви се допаѓа во овој знак – тешко вас!

Близнаци

Припадниците на овој знак се многу комуникативни, па обожаваат да зборуваат на телефон. Од никој друг во хороскопот нема да слушнете толку многу информации како од Близнаците. Тие зборуваат брзо бидејќи сакаат гласот да им ја прати брзината на мислата, но не поднесуваат празни муабети, па подобро да им ги задоволите критериумите ако сакате да им бидете први на листата за повици.

Рак

Ако сте личност која сака некој во овој знак, подгответе се за многу романтични и нежни разговори, но за да ги задоволите критериумите на соговорникот, ќе мора и вие да го претворите гласот во малку мрзелив. Раковите мислат дека тие се тука за да се грижат за вас, па телефонот им служи за да бидат со вас во моментите кога не можат да бидат покрај вас. Тие ќе ве потсетат да јадете, да облечете топла облека, да се напиете лекарства...

Лав

Ќе ви се јави кога најмалку очекувате и од место кое не го очекувате (пример од тоалет или на крајот на светот). Ако реши дека сака да ве пронајде, ќе направи сѐ за да ја кренете слушалката. Кога Лавот сака да слушне некој близок и сакан (или можеби потенцијален партнер), ќе го направи тоа во моментот кога ќе почувствува потреба, независно колку е часот. Може да ви зборуваат сериозни работи или тотални глупости, важно телефонот е тука за да се јават кога ќе посакаат.

Девица

Ако сте ѝ кажале на Девицата да ве побара по одреден час, очекувајте повик во истата минута откако ќе чукне тој час. Како и во сѐ друго, тие се секогаш прецизни и точни и кога станува збор за телефонирање и договарање, а ништо не ги нервира повеќе од непочитување на договор. Затоа, дури и за нешто обично како телефонски повик, секогаш почитувајте го времето на Девиците. Во спротивно, наместо љубезен глас, ќе добиете непријатен, сериозен глас со прекори.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
4 хороскопски знаци на кои во 2026-та ќе им се исполнат соништата Новата 2026 година која е на прагот, најавува големи пресврти и силни планетарни...
Љубовен хороскоп за февруари 2026: Близнаци – мора да расчистите со минатото, Бикови – паѓање во иск... Јарци - Пред вас е избор помеѓу сигурна врска и некој што ве интригира, но ...
Љубовен хороскоп за јануари 2026: Близнаци - ќе направите љубоморна сцена, само за да го тестирате п... Девици вам ви е поважна хармонијата отколку страста и токму на тој начин и ќе ба...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава