6 причини зошто на сите ни треба Водолија пријател во животот

Луѓето родени во знакот на Водолија се оптимисти, имаат одлични комуникативни способности и даваат одлични освети.

6-pricini-zosto-na-site-ni-treba-vodolija-prijatel-vo-zivotot+01.jpg

Водолиите се многу забавни и интересни личности. Секогаш се први кога станува збор забава и секогаш знаат како да нацртаат насмевка на вашето лице.

Заштитнички се настроени кон луѓето што им значат и никогаш не зборуваат зад грб. Тие имаат вродена харизма и секогаш знаат како да ја искористат.

Зошто на сите нас ни треба пријател Водолија?

Тие се слободни „птици“

Тие секогаш размислуваат „надвор од кутијата“ и затоа се сметаат за одлични мислители. Нивната креативност, оригиналност, добрината и љубовта ги прави да бидат одлични лидери. Тие се зависни од нивниот слободен дух и не сакаат луѓе кои им кажуваат што е погрешно, а што не.

Да се има Водолија за пријател тоа значи дека и вие ќе бидете под дејство на нивната енергија и секогаш ќе се чувствувате самоуверено и сигурно. Тие ја почитуваат уникатноста на секого и никогаш не ја ценат книгата според корицата.

Даваат одлични совети

Водолиите се огромни поддржувачи на нивните пријатели без разлика дали станува збор за нивните соништа, проекти, идеи или слично. Тие секогаш се тука за вас да ве поттикнат, инспирираат и да ви дадат одличен совет.

Никогаш нема да видите љубомора или пак завист од нивна страна, затоа што нивниот слободен и жив дух не им го дозволува тоа. Тие веруваат дека треба да се даде поддршка секому и никој никогаш да не се потцени.

Секогаш ја кажуваат вистината во лице

Водолиите имаат одлична смисла за хумор и сарказам, па затоа никогаш ништо не им останува на врвот на јазикот. Тие многу често знаат вистината да ви ја кажат преку некоја шега, но сепак никогаш зад грб или пред други луѓе.

Тие се тимски играчи и веруваат дека секој треба да ја знае вистината колку и да е таа болна и неубава. Тие го кажуваат тоа што треба да биде кажано. Водолиите се заштитници и секогаш „работат“ во ваша корист.

6-pricini-zosto-na-site-ni-treba-vodolija-prijatel-vo-zivotot+02.jpg

Обожaваат да се забавуваат

Токму кога сте помислиле дека познавате некоја Водолија одлично, тие секогаш прават нешто со што ќе ве остават со подотворена уста и во шок. Многу се непредвидливи и за нив се вели дека се „животот“ на сите забави.

Спонтани и луди. Сакаат друштвени собиранки и не обожaваат да прават секогаш однапред планови. Со Водолиите никогаш не сте на „чисто“ што ќе се случи и што ќе им текне следно.

Заштитнички се настроени кон луѓето што им значат

Со Водолија покрај себе можете секогаш да се чувствувате сигурни и безбедни. Ако тие видат дека ви се потребни и без да им кажете ќе бидат тука за вас и подготвени се да разговараат часови и часови на иста тема само за да ви го подобрат расположението.

Важно е овој квалитет да се цени кај секој пријател Водолија. Прекрасно е да имате секогаш некој покрај вас на кого ќе можете да му се обратите и од кого ќе можете да побарате помош, па затоа никогаш не ги земајте за шега пријателствата со Водолиите.

Одлично се снаоѓаат во конверзации

Одлично знаат да ве ислушаат со трпение и воздржаност. Тие секогаш знаат дека секоја работа може да се реши со помош на конверзација, па затоа и секогаш ја користат како оружје за време на сите проблеми. Не е важно каква е темата и колку е часот, тие секогаш се подготвени за долги и длабоки разговори со пријателите кои навистина им значат.

Сакаат да поставуваат прашања, затоа што се многу љубопитни. Секогаш сакаат да знаат нешто повеќе за вас и за вашиот карактер, па дружејќи се со нив вие ќе имате можност да се пронајдете себе си како личности.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg