Кога Стрелецот ќе ве исклучи од животот не постоите веќе за него - суровоста и злобата кај секој од знаците

Вага – големи лажговци

Не можат да поминат ниту еден ден без да излажат нешто и подготвени се да гледаат директно во очи некому и да изговорат 101 лага со цел да избегнат некаква непријатност. Ова го прават за да го одржат „мирот во куќата“, всушност се сметаат себеси за балансирани и правични, што е секако иронично.

Скорпија – безобѕирни заповедници

Сакаат да ја имаат контролата над сите и врз секоја ситуација и не бираат средства да го постигнат тоа. Веруваат дека секогаш се во право. Кога ќе влезете во нивниот живот подобро е да играте според правилата коишто тие ги замислиле. Или ќе ве држат целосно под контрола или скапо ќе ја платите цената за својата слобода.

Стрелец – неописливо ладнокрвни

Кога станува збор за емоциите, никој од зодијакот не е „поладен“ од Стрелецот. Кога еднаш ќе ве исклучи од животот повеќе не постоите за него. Нема трпение со луѓето и брзо му здосадуваат, сосема кратко откако ги запознал. Денес може да ви биде најдобар пријател, а веќе утредента да се прави дека воопшто не ве познава.

Јарец – мајстори за навреди

Нема да доживеете да се скарате со Јарец и вашиот збор да биде последен во кавгата. Доколку е потребно тој ќе ви напише и ќе ви прати писмо полно со сочни навреди. Јарците ги користат зборовите како оружје, а доколку успеат да ве расплакаат со нивните зборови тогаш ќе бидат најсреќни.

Водолија – вешти манипулатори

Водолиите се природно надарени лажговци. Ретко имаат грижа на совест кога ве лажат, а ова го оправдуваат со мислењето дека едноставно се попаметни од вас и заслужувате некој да ве изманипулира. Неретко може и да ви украдат некој денар, да си поиграат со вашите емоции итн.

Риби – скриени нарциси

Во себе кријат толку голем емотивен товар што навистина немаат време, ниту трпение да се занимаваат со туѓите проблеми. Но, ќе сакаат да ве сослушаат со цел подоцна слатко да ви се изнасмеат зад грб. Рибите никогаш нема да сакаат никој друг како што се сакаат себеси.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Зошто животот ви изгледа здодевен и монотон, според хороскопскиот знак? Девици, вашите вештини за организација се ништо помалку од импресивни. И, иако м...

Најчитани неделава