Овие 3 хороскопски знаци ќе го имаат најромантичниот Свети Валентин, дали сте еден од нив?

Свети Валентин или уште познат како Денот на вљубените започна интензивно да се прославува и на нашите простори во последните неколку години.

Ovie-3-znaci-ke-go-imaat-najromanticniot-Sveti-Valentin-01.jpg

Без разлика дали станува збор за помодарство добро е да се знае дека сте вљубени и сакани и дека и вие сакате некого за возврат. Сè што вклучува рози, вино, чоколада и многу срценца не може да биде лошо, нели?

Сепак, 3 од хороскопските знаци ќе имаат вистински романтичен Валентин за разлика од останатите 9… проверете дали сте дел од оваа вљубена група:

ЛАВ

На Денот на вљубените ќе бидете личноста која ја осветлува секоја просторија каде што ќе влезе. Фокусирајте се на ширење љубов и радост, наместо на хранење на сопственото его.

Раскажете некој добар виц, смејте се. Дадете многу прегратки и овозможете му на вашиот внатрешен оган да се разгори во вас.

На вашето друштво му е потребна вашата страст и енергија со цел сите да продолжат да се движат понатаму во овие ладни, сиви денови.

Сезоната на Водолијата може да има прилично непријатно дејство врз оние коишто не може да ја поднесат зимата. Вие сте светлост која ќе ги убеди сите дека светлината постои, а овој Валентин ќе блеснете.

ВОДОЛИЈА

Февруарските температури може да бидат неподносливо ледени за другите знаци, но оваа сезона претставува можност да ги истакнете вашите ментални способности.

Ова ќе биде месецот во којшто ќе ја најдете вашата вистинска љубов и тоа веројатно ќе биде личноста која најмалку сте ја очекувале.

Сродната душа понекогаш доаѓа во необично пакување, а доколку не можете сè уште да ја видите својата, не очајувајте. Сè ќе се открие кога ќе дојде времето за тоа.

Дури и доколку сте сами на Валентин, бидете свесни дека сте делче од Универзумот и дека всушност никогаш не сте сами. Љубовта само што не дошла на вашиот праг.

РИБИ

Вистинската љубов е всушност вашиот начин на живот. Тоа е нешто што постојано го барате, водата којашто ви е неопходна за живот. На Денот на вљубените вашата „чинија“ ќе биде полна со добри намери.

Ова е поради влијанието на Венера, а вашата задача ќе биде да ширите љубов. Вистински чуда се случуваат кога сте расположени, а на 14 февруари ќе ги изненадите сите најмили со вашата сила и храброст. Можеби дури ќе се изненадите и самите себе.

Немојте да се плашите да ризикувате. Без разлика дали токму таа личност е вашата сродна душа, таа ќе има кармичка лекција за вас која ќе ви помогне да ја проширите радоста. Сите би требало да учат како да се однесуваат како вас на Свети Валентин.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg