Хороскопски знаци кои го мразат Денот на вљубените

За некои хороскопски знаци, Денот на вљубените е најубавиот празник во годината.

Vodoliite-zaboravaat-deka-praznikot-voopshto-postoi-Horoskopski-znaci-koi-go-mrazat- 01 630x340.jpg

Оние, заљубените, очекуваат тие 24 часа да бидат романтични, исполнети со љубов, грижа и разни подароци.

За останатите, тие се безобразен потсетник за тоа колку навидум треба да се чувствуваат „очајно“ поради тоа што се сингл.

Да се навратиме на оние првите.

Многумина од нив сакаат да го поминат овој „посебен ден“ со партнерот на уникатен начин.

Но, зарем вниманието и љубовта се покажуваат само еден ден во годината?!

Без разлика на љубовниот статус, постојат знаци во зодијакот кои попрво би го поминале денот зјапајќи во таванот, отколку да се „мачат“ себеси со сите очекувања поврзани со него.

Во продолжение ви ги претставуваме хороскопските знаци кои едноставно „се ежат“ од помислата на Денот на вљубените:

Јарец

Јарците се одговорни, решени и дисциплинирани, но тие се вистински песимисти кога некој или нешто им наредува што да прават.

Тие знаат како да направат совршен план за трошење и заштеда, такашто не сакаат да „фрлаат“ пари на непотребни работи.

Јарците се големи љубовници и кога ќе се заљубат, даваат 100% од себе. Но, не сакаат некој да им кажува дека токму тој конкретен ден треба да купат подарок за партнерот и на тој начин да ги покажат своите чувства, односно да делуваат на одреден „традиционален“ начин.

Водолија

Водолиите се интелигентни, дружељубиви и креативни, но тие исто така можат да бидат доста емотивни.

Нивната „уметничка душа“ понекогаш прави да изгледаат неодговорно, такашто и не е чудно да заборават дека Денот на  вљубените воопшто постои. Но, тоа не е нивна вина.

Ако Водолиите се природно инспирирани, нивната романтична страна ќе доминира, па тие ќе го прослават овој ден со партнерот. Притоа, ќе организираат нешто навистина спектакуларно, а доколку чувствуваат притисок да го сторат тоа - веројатно ќе го одложат, заборават или, едноставно, ќе кажат дека не се заинтересирани.

Vodoliite-zaboravaat-deka-praznikot-voopshto-postoi-Horoskopski-znaci-koi-go-mrazat- 02 630x400.jpg

Девица

Девиците ги одликува организираноста, одговорноста и реалното гледање на светот, а празникот кој вклучува цвеќиња, чоколади, скапи подароци и вечери, за нив и баш нема некаква смисла.

Тие претпочитаат да потрошат пари на нешто што ќе трае, на пример, инвестирање во технологија, па дури и во скапа брендирана чанта, која знаат дека навистина ќе ја износат.

Девиците едноставно размислуваат премногу логично за да ја потрошат целата своја заштеда за еден ден.

Скорпија

Скорпиите се најчувствителниот знак во целиот зодијак, но тие исто така можат да бидат љубоморни, опсесивни и параноични, такашто идејата за Денот на вљубените, сепак е премногу за нив.

Притисокот да се најде совршен подарок, порака со длабоко значење и организирање незаборавна љубовна ноќ може да ги налути Скорпиите, па затоа повеќе би сакале да го прескокнат целиот овој процес.

Исто така, љубовта на Скорпијата во никој случај не може да се покаже во само еден ден од годината.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg