Близнаците паничат за ситници, на Лавовите не им е ништо – Колку се хипохондрични хороскопските знаци?

bliznacite-panichat-za-sitnici-na-lavovite-ne-im-e-nishto-kolku-se-hipohondrichni-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага

Вагите може да отидат во сосема спротивни крајности кога станува збор за здравје и хипохондрија. Може да бидат целосно индифетентни и да го водат животот на начин како да нема никогаш да се разболат, дури ни да се накашлаат, но во одреден момент може да станат хипохондрици. Кај нив хипохондрија се јавува под влијание на лоша здравствена состојба кај некој од опкружувањето.

Скорпија

Скорпиите се личности кои апсолутно никогаш не потпаѓаат на хипохондрија. Дури и кога лекарите ќе им констатираат некое заболување, лесно или тешко, може да се случи да одбиваат да веруваат. Во нивната глава тие секогаш се здрави и моќни, независно колку лоши работи им се случуваат – едноставно не паничат за здравјето.

Стрелец

Стрелецот може да се случи да биде хипохондрик, но само ако хронично, во подолг временски интервал се соочува со некои симптоми, кои не може да си ги објасни. Ако процесот е предолг дури и за медицинските лица и долго време е во потрага по вистинска дијагноза и терапија, Стрелецот може да прерасне во паничен хипохондрик.

Јарец

Јарците имаат многу голема енергија и оптимистични се во секој поглед, посебно во здравствен. Тие не размислуваат на лоши работи, знаат да се грижат за здравјето и работат на превентива со добра мисла, а не од страв дека ќе ги снајде некоја болест. Умерени се и не дозволуваат ништо да ги „бутне“.

Водолија

Водолиите се вообичаено чувствителни, а кога станува збор за здравјето, тоа може да премине и во паника. Тие ќе лутаат и трагаат по секој симптом кој ќе го почувствуваат, ќе пребаруваат на интернет и ќе читаат насекаде што тоа може да значи, па дури потоа ќе одат да се проверат. Одолговлекувањето на констатација на дијагноза ги плаши најмногу.

Риби

Рибите можат целосно да бидат лежерни и опуштени кога станува збор за здравјето. Додека некои од нив ќе се грижат за животниот стил, други нема ни да се обидуваат да се хранат здраво. Не се претерано преокупирани со здравјето, а дури и кога ќе се појават проблеми, може да ги игнорираат.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
Афирмацијата што ќе ви помогне да го преживеете ноември, според хороскопскиот знак Близнаци: „Можам да ја остварам секоја цел што ќе ја замислам“. Последните ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Во која област ќе ве следи најмногу среќа во 2026-та, според месецот на раѓање? Ако сте родени во јануари, годинава конечно ќе имате можност да ги наполните бат...

Најчитани неделава