Ракот - признание, Рибите - повеќе од само еден пијалак - што заслужува секој од знаците кога ќе излезе од карантин?

Времето поминато во домашна изолација полека почнува да си го зема данокот, особено со убавото, пролетно време надвор. Особено тешко е да си затворен дома додека сончевите зраци те мамат да го преминеш куќниот праг.

Sto-zasluzuva-sekoj-od-znacite-po-karantinot-01.jpg

Сите си замислуваме што ќе правиме откако ќе заврши целата оваа ситуација… но, што вистински заслужува секој од хороскопските знаци после карантинот?

Овен – заслужувате одмор. Вие и онака сте авантуристи и премногу спонтани па целиот овој домашен карантин ви паѓа особено тешко. Најмалку 10 дена опкружени со сонце, море и песок, со што е можно повеќе забавни активности.

Бик – заслужувате соодветна завршница на целата ситуација што ве измачува со некој од минатото. Не можете да го извадите од умот, но заслужувате многу повеќе и конечно да продолжите понатаму. Време е да ги расчистите сметките и да видите скроил животот понатаму за вас.

Близнаци – среќа. Заслужувате да се насмеете вистински и од срце. Ќе дојде моментот кога ќе престанете да се лажете себеси и сите околу вас дека „сте во ред“ и дека „сè е ок“, „никогаш подобро“. Заслужувате забава со пријателите, многу непроспиени ноќи надвор од домот, многу смеење и среќа.

Рак – заслужувате признание. Направивте толку многу работи за многу луѓе додека бевте и во карантин. Пазарувавте за другите, им купувавте лекови, плаќавте сметки онлајн. Најмалку што заслужувате е едно благодарам, а и некој подарок нема да биде излишен.

Лав – заслужувате почит. Од партнерот особено. Од колегите на работното место. Од луѓето коишто ве израснаа. Од сите околу вас за коишто се трудите, а не добивате доволно за возврат. Вистината е дека бевте пожртвувани и вредни и потребно е светот да го признае тоа.

Девица – да се чувствувате добро самите со себе. Заслужувате да престанете со преиспитување – дали сум доволно добра, дали вредам доволно, правам ли сè како што треба. Заслужувате да се сакате себеси и малку да почнете да се ставате на прво место, дури и пред децата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Во која област ќе ве следи најмногу среќа во 2026-та, според месецот на раѓање? Ако сте родени во јануари, годинава конечно ќе имате можност да ги наполните бат...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...

Најчитани неделава