Девицата проветрува, Вагата озборува – Еден ден во канцеларија со сите хороскопски знаци

Како би изгледало кога сите хороскопски знаци би работеле во иста канцеларија? Како ќе изгледа работниот ден?

devicata-provetruva-vagata-ozboruva-eden-den-vo-kancelarija-so-site-horoskopski-znaci-01.jpg

Ајде малку да се насмееме. Настрана од работата, што друго прават хороскопските знаци во канцеларија?

Девицата стига на работа порано од сите за да ги отвори сите прозорци и убаво да проветри. Потоа ги мие шолјите кои Лавот ги оставил претходниот ден пред да си оди.

Набрзо потоа доаѓа Близнакот, подготвен за нови работни предизвици и си подготвува пола шолја кафе.

Вагата уште не го ни вклучила компјутерот, а веќе пренесува трач што го наслушнала пред тоалетот. За тоа време Водолијата се доспива на биро бидејќи не е утрински човек.

Лутиот Рак трча во човечки ресурси да се пожали за тврдоглавиот Овен кој повторно слуша гласна музика или гласно зборува на телефон и не обрнува внимание на молбите од колегите.

Стрелецот шета наоколу и се удира по ѕидови бидејќи се загледал во задникот на Рибата која се наведнала малку провокативно за да ги земе документите што ѝ паднале. Таа тоа го доживува симпатично и веднаш се заљубува.

Бикот скришно игра игри на компјутер додека глуми дека работи, а Скорпијата ги слуша лекциите од надредениот за последиците од флертување на работно место.

Шефот Јарец ги набљудува сите внимателно и прави листа на оние кои ќе добијат отказ.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава