Девицата ве опоменува за кодексот на облекување – какви сте на работното место според хороскопскиот знак?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девицата ве опоменува за кодексот на облекување – какви сте на работното место според хороскопскиот знак?

Не сите се однесуваме исто на работното место. Некој се истакнува како одличен лидер, а друг подобро се снаоѓа во улогата на тимски играч. Девицата е онаа која ќе ве опомене дека здолништето ви е прекусо и несоодветно за на работното место.

Kakvi-ste-na-rabotnoto-mesto-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Јарецот пак ќе ви каже кога сте премногу бавни во исполнувањето на задачата… Какви сте вие на работното место според хороскопскиот знак?

Овен

Оној што од сите - најмногу работи во канцеларијата. Нема да отидете на пауза додека не го завршите тоа што сте го почнале. Ја насочувате целата енергија кон тоа што го работите во моментот и не дозволувате ништо да ви го одземе фокусот. Подготвени сте да не станете ниту до тоалетот или да не каснете ниту залак додека не се заврши работата.

Бик

Најдобриот тимски играч од сите знаци во зодијакот. Ќе му подадете рака секој што ќе побара помош од вас. Не очекувате ништо за возврат за овие услуги. Дури и кога сте го сработиле најголемиот дел од задачата, секогаш им давате предност на колегите кога треба да се соберат пофалби за сработеното. Ова понекогаш ви се „треска“ од главата, бидејќи колегите неретко ве искористуваат.

Близнаци

Одговорни сте, секогаш се појавувате на време, па дури и пред да започне состанокот. Оставате добар впечаток, бидејќи прилично многу се грижите за физичкиот изглед, но и сте колегата кој најдобро кажува вицеви. Преземате одговорност за вашите постапки дури и кога станува збор за грешки. И покрај тоа што луѓето ве доживуваат како дволични, не постои шанса да наместите некој друг да ја преземе одговорноста која била ваша.

Рак

Трпеливо ги слушате колегите кои се фалат или жалат за сопствените (не)успеси. Во состојба сте да ги слушате со часови без никаква осуда. Ќе си скратите многу од слободното време само затоа сте одличен слушател и советодавач. Се случува колегите да ви здодеваат со своите проблеми дури и кога сте на одмор. Не знаете како да се одбраните дури и во вакви ситуации.

Лав

Најдобрата ваша карактеристика е доверливоста. Кога давате ветување некому секогаш го исполнувате кажаното. Никогаш не ги разочарувате луѓето што сметаат на вашата помош и поддршка. Дури и кога некој ќе ве изненади со своето незнаење, не реагирате бурно или арогантно, туку давате сè од себе да му помогнете.

Девица

Бирото ви е подредено „под конец“. Организирани сте и еден од ретките луѓе што точно знаат каде се наоѓа сè во канцеларијата. Секој што има некакво прашања доаѓа директно кај вас. Ги знаете сите правилници и протоколи на работа. Честопати ги опоменувате другите за кодексот на облекување.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дали сте среќник или најголем баксуз на светот според хороскопот? Некои луѓе изгледа како да се родени под среќна ѕвезда и сè им оди од рака. Друг...
Со што ги одбивате луѓето од себе – според хороскопскиот знак? Како што постојат особини и постапки кои делуваат магнетски привлечни во туѓите ...
3 знаци кои никогаш нема да ве изневерат Добро е да ги имате за пријатели, но и како љубовни партнери. Во свет како денеш...

Најчитани неделава