Ракот е добар глумец, Рибите цртаат неверојатно добро – кои се скриените таленти на знаците?

Ќе се изненадите доколку дознаете дека Скорпијата има скриен талент за шпионирање и истражување? Сè она што му „бега“ на обичното око, кај Скорпијата нема да остане незабележано.

Koi-se-skrienite-talenti-na-znacite-01.jpg

Според астрологијата, секој од знаците има скриен талент и одредени вештини со кои може да изненади. Дознајте кои се вашите според зодијакот:

ОВЕН – танцување. Можеби мислите дека Овенот е премногу сериозен знак и дека работата му е секогаш на првото место, но тој е прилично талентиран за танц. Има изострено чувство за такт и ритам и обожава забави до раните утрински часови во кои се танцува.

БИК – цртање. Или подобро кажано – скицирање. Бикот е изненадувачки добар во скицирање со молив или јаглен. Има прилично добра меморија и естетика, па дури цртежот и да не е најпрецизен, сепак е доволно добар за окото на еден аматер.

БЛИЗНАЦИ – пишување текстови. Ќе се изненадите колку многу креативност се крие во Близнаците, особено кога станува збор за римувани стихови. Во речиси секој од нив се крие талентиран текстописец, бидејќи Близнаците навистина умеат со зборови.

РАК – глума. Никој не очекува дека ранлива и сензитивна душа како Ракот може да биде талентирана за глума, нели? Сепак, тоа е она што ги прави неодоливи на сцената. Токму таа ранливост ги прави исклучително добри глумци, а неретко ги употребуваат овие скриени таленти да се извлечат од непријатни ситуации во секојдневието.

ЛАВ – готвење. Бикот можеби е најголемиот гурман, но Лавот е рамо до рамо со него, со таа разлика што тој воедно ужива во подготовка на храната. Внимателно ги бира состојките, тие треба секогаш да се свежи и првокласни. Лавот е исклучително добар готвач кој сака да готви за семејството и пријателите.

ДЕВИЦА – креативно пишување. Во секоја Девица се крие талентиран автор. Доколку „запне“ и седне да пишува, Девицата би можела да напише роман за една недела. Проблемот е во тоа што е преголем перфекционист и смета дека тоа што го пишува не е доволно добро.

ВАГА – логички задачи. За сите оние навидум здодевни, логички задачи кои бараат решенија најдобро е да имате Вага до себе. Таа ќе го најде решение за помалку од минутка. Едноставно нивниот ум е скроен лесно да ги решава ваквите задачи и уживаат во тоа.

СКОРПИЈА – тајно следење и шпионирање. Скорпијата е вистинскиот Шерлок Холмс во зодијакот. Таа има неверојатно изострено око за детали, одлична меморија и ум за поврзување на лица, случки и настани. Доколку се сомневате дека некој ве изневерува, доволно е да ѝ напомнете на Скорпијата – ќе ја открие вистината за помалку од 24 часа.

СТРЕЛЕЦ – новинарство. Ова не доаѓа како преголемо изненадување, Стрелецот сака да истражува, има авантуристички дух и отворен ум, па новинарството „му лежи“ како професија. Отворени и комуникативни, тие лесно ќе го натераат очевидецот да ја раскаже својата приказна.

ЈАРЕЦ – пеење и музика. Тешко е да се замисли сериозниот Јарец во улогата на пејач, нели? Но, караокето е една од омилените активности на Јарецот, особено после пијалак или два. Имаат зачудувачки пријатен и мелодичен глас, а и ќе се изненадите од нивниот музички вкус, прилично квалитетен.

ВОДОЛИЈА – фотографирање. Вистински естети, Водолиите го бараат убавото во нештата, дури и навидум кога нема ништо привлечно. Прилично многу се разбираат и од технологијата, па дефинитивно ќе изберат соодветна опрема за фоткање и едитирање на совршена фотографија.

РИБИ – сликање. Да, Рибите се особено талентирани за слики на платно. Имаат огромна имагинација и не им е потребно да видат нешто за да го насликаат – тоа веќе постои во нивниот ум. Креативни се, прецизни и имаат многу трпение. Немојте да се изненадите доколку ви подарат совршено убава слика за домот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Годишен хороскоп за 2024: Скорпија Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план, и благодарение на нек...
Со нив не е лесно: Жените родени во овие 5 хороскопски знаци имаат најтежок и најсложен карактер За нив целите ги оправдуваат средствата, умеат да бидат агресивни и нервозни, но...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg