Кој хороскопски знак најбрутално ќе ви го скрши срцето во животот?

Вага – Рак

Иако Вагите и Ракот се многу слични затоа што се чувствителни души, тие покажуваат љубов на различни начини кога се во врска. Ова може да доведе до недоразбирање и повреди.

Обично, страната што ќе биде повредена ќе биде онаа на Вагата затоа што таа нема да може да ги разбере чувствата на Ракот. А Вагата едноставно секогаш мора да знае точно каде стои во животот.

Скорпија – Овен

Иако Скорпијата сака да се преправа, да покажува дека е опасна и дека никој не може да ја повреди, кога некој ѝ се допаѓа, таа станува вистинско маче.

Скорпијата ќе се чувствува особено тажна и запоставена кога Овенот нема да сака (или едноставно нема толку време) да ѝ ја посвети секоја слободна минута од денот на посесивната Скорпија.

Стрелец – Стрелец

На прв поглед, двајца Стрелци во врска како одлична и забавна идеја, како авантура која никогаш не запира, но реалноста е поинаква.

Поради нивната авантуристичка природа, тешко е да ја пронајдат стабилноста што ѝ треба на секоја врска за да успее. Кога двете страни сакаат да продолжат со своето слободно однесување, некој ќе биде многу повреден во одреден момент.

Јарец – Вага

Јарците се практични луѓе. Во главата имаат поставено цели што сакаат да ги постигнат во животот и ќе работат на нив уште од мали нозе, бидејќи неуспехот не е опција.

Вагата, од друга страна, е малку послободна по ова прашање, а за неа поважно е дружењето и добро поминатото време со колегите отколку успехот во бизнисот (или образованието). Ова може да биде доста стресно за Јарецот, до степен до којшто ќе почне да мисли дека на Вагата не ѝ е грижа за него.

Водолија – Јарец

Откачените Водолии сакаат да ги прават работите на својот уникатен начин. Тие ја сакаат слободата и сакаат да бидат во врска со некој што нема да виси над нивните глави 24/7. Јарецот, пак, обожава правила и традиција. Врската ја гледа со поинакви очи отколку Водолијата.

Додека односот помеѓу нив не стане сериозен ова нема да претставува проблем, но потоа дури и најмалите детали ќе станат причина за ненадејно и грдо раскинување.

Риби – Овен

Рибите се многу интуитивен и чувствителен знак. Тие сакаат да одвојат време да ги разберат своите чувства, внимателно да размислат во која насока одат нештата. Сè прават полека и смирено.

Овенот од друга страна не е воопшто бавен, тој за сè одлучува брзо и не мора да чека илјада години за одлуките на другите. Со Рибите во одреден момент ќе го изгуби трпението и ќе си замине бидејќи повеќе не му се троши време на летаргични, бавни луѓе.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg