Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Кој хороскопски знак најбрутално ќе ви го скрши срцето во животот?

Пред да се вљубите до уши или да ја официјализирате врската, можеби е добро да се запрашате во кој хороскопски знак е вашиот партнер. Еден од 12-те знаци брутално ќе ви го скрши срцето… но кој?

Koj-znak-najbrutalno-ke-vi-go-skrsi-srceto-01.jpg

Овен – Овен

За Овните тоа ќе биде нивниот знак што ќе создаде хаос во нивните животи. Проблемот со луѓето родени во знакот на Овен е дека тие секогаш сакаат да бидат најважни и во центарот на вниманието.

Иако станува збор за знак полн со страст, љубовната приказна помеѓу припадниците на истоимениот знак има потенцијал да заврши како натпревар во сè, постојани кавги брутално раскинување.

Бик – Вага

Биковите се најсреќни доколку сè во нивниот живот тече пријатно. Тие имаат своја рутина и навики и сакаат секогаш да знаат што точно може да ги очекува во иднина. Од друга страна, Вагата е исклучително социјална и секогаш сака да се дружи со 1000 луѓе, да поминува време со колегите, семејството, да патува.

Од мал проблем лесно може да настане голем проблем: како да го поминете времето и што да правите заедно? Бикот и Вагата веројатно нема да се согласат и нема да бидат среќни, а Вагата на крајот ќе одлучи да го прекине сето тоа мачење.

Близнаци – Рак

За Близнаците сè е во знакот на забавата, сакаат да се смеат, да си играат и не сфаќаат ништо сериозно. Раковите се премногу сериозни кога станува збор за емоциите. Ракот сака да зборува за чувствата, потребна му е врска каде што знае дека нема други освен нив двајца и сака стабилност.

Во одреден момент, на Близнаците ќе им биде тешко да најдат рамнотежа помеѓу забавата и чувствителноста, што Ракот нема да може да го поднесе и дури тогаш сè ќе пукне како меур од сапуница.

Рак – Скорпија

Овие два знака во никој случај не можат да имаат среќен крај. Има премногу емоции во оваа врска и тоа ќе доведе до вистинска поплава. Емоционалниот Рак покажува емоции, сака да зборува за нив, им кажува на сите за тоа како се чувствуваа, не се крие од партнерот.

Кога е во врска, Скорпијата станува иста како Ракот. Одеднаш има толку многу длабоки емоции што станува претешко за двајцата.

Лав – Јарец

Лавот првично може да го привлече Јарецот поради својата амбициозност, но на долг рок ова нема да заврши добро. Двајцата знаци ќе започнат да се натпреваруваат во скоро секој сегмент од животот.

Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат партнерот да им посвети внимание и да биде среќен и горд на нив кога ќе успеат во нешто. Ова секако нема да го добијат од Јарците затоа што кога вторите ќе се погледнат во огледалото, тие веќе го гледаат најдоброто пред нив.

Девица – Стрелец

Девицата е личност којашто планира. Затоа им треба некој на кого можат секогаш да се потпрат и со кого ќе се чувствуваат безбедно. Со Стрелецот кој има авантуристички дух и кој е секогаш некаде, а не знае ни самиот каде, Девицата нема да може да функционира добро.

Стрелецот ќе полуди затоа што Девицата се обидува да го одржи „под контрола“ и во еден момент само ќе се откаже.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои се вистински „мамини мази“ Мајката е посебно суштество во животот на секој човек и без разлика колку години...
Како секој хороскопски знак покажува љубов без да каже „те сакам? Како секој знак од Зодијакот изјавува љубов без да ги каже зборовите „Те сакам“?...
Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак? Дури и да си поминуваат навистина добро, Рибите секогаш се убедени дека претходн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg