Вагата се дотерува и сака забави или се затвора и гледа Нетфликс со денови – двојната природа на хороскопските знаци

Секој од знаците крие (најмалку) две страни во себеси. Според астрологијата, знаците не се еднодимензионални, кријат дуална природа.

Dvojnata-priroda-na-znacite-01.jpg

Дознајте какви сте вие и какви се останатите 11 знаци од зодијакот кога станува збор за двојната природа на личноста:

Овен

Тип 1 – Многу агресивни, гласни и подготвени да се борат буквално за сè во животот.

Тип 2 – Мили, љубезни, симпатично, а потајно подготвени да ве задават со двете голи раце доколку е потребно тоа.

Бик

Тип 1 – Мрзеливи, не се одвојуваат од креветот, ги мрзи дури да го побараат далечинскиот управувач или да си земат чаша вода.

Тип 2 – Вистинска Афродита, божица на убавината. Не може да се одвојат од огледалцето и речиси сите пари ги трошат на козметика.

Близнаци

Тип 1 – Дволични и разгалени, кои се подготвени да го истераат своето по секоја цена.

Тип 2 – Променливо расположение, тажни и осамени човечки суштества.

Рак

Тип 1 – Многу заштитнички настроени кон блиските и постојано плачат.

Тип 2 – Смели, полни со живот и немаат пуштено солза во животот.

Лав

Тип 1 – Егоцентрични и екстремно непријатни кон останатите.

Тип 2 – Несигурни во себе, но сепак горделиви, опуштени и забавни.

Девица

Тип 1 – Многу организирани, методични и со фобија од бактерии.

Тип 2 – Креветот ѝ е растурен со денови, наоѓа сомнителни трошки и ги вкусува кога не гледа никој.

Вага

Тип 1 – Омилена во друштвото, обожава да се дотерува и сака големи забави и големи друштва.

Тип 2 – Може да остане во кревет со денови и да гледа само Нетфликс.

Скорпија

Тип 1 – Многу сексапилни, злобни и емоционално растроени.

Тип 2 – Смешни, интересни и саркастични, но омилени во друштвото.

Стрелец

Тип 1 – Патувања, авантури, по малку и опијати, но мудри и полни со приказни.

Тип 2 – Пасивни, индиферентни, не ги интересира речиси ништо.

Јарец

Тип 1 – Опседнати со работата и традиционалните вредности.

Тип 2 – Никогаш не завршил докрај ниту една работна задача во животот.

Водолија

Тип 1 – За себе мисли дека е Господ, дека може сè, дека умее сè и дека е над сите.

Тип 2 – За себе мисли дека е вонземјанин, поинаква од сите други и секогаш несфатена.

Риби

Тип 1 – Плачковци и премногу сензитивни, не смееш да им повишиш тон при зборувањето.

Тип 2 – Се опуштаат со помош на апчиња и не им е гајле што мислат другите за нив, ниту пак зборуваат за своите чувства.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Бик и уште 4 хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на март Рак - Периодот ќе биде многу поволен и на полето на љубовта, а односот со вашиот...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
4 месеци во кои се родени луѓе кои наскоро ги очекува можност што не смеат да ја пропуштат Ако сте родени во јуни, наскоро дефинитивно ќе ви се пружи можност која ќе ви го...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...

Најчитани неделава