Девицата се прска со алкохол, Близнаците прават селфи – Хороскопските знаци пред ковид амбуланта

Замислете дека пред ковид амбуланта се наоѓаат сите сите хороскопски знаци и чекаат во ред да ги тестираат - што прави секој од нив?

devicata-se-prska-so-alkohol-bliznacite-pravat-selfi-horoskopskite-znaci-pred-kovid-ambulanta-01.jpg

Лавот влегува преку ред и бара врски во амбулантата, не му доликува да чека. Поминува покрај Ракот, кој на сите им дели витамини и прашоци.

Девицата се прска без престан со алкохол и се распрашува кај Стрелецот дали е безбедно да се извади маската за земање брис. Стрелецот и понатаму тврди дека ѝ е само алергија.

Близнаците нормално прават селфи и објавуваат на Инстаграм и Фејсбук да се пофалат. Јарецот со презир го гледа Бикот како јаде бурек додека чека ред, а Рибата размислува дека уште не појадувала.

Додека Водолијата зборува без престан со сите во редот, Вагата се прашува дали требало сепак да си остане дома.

Пристига и Скорпијата која силно кашла и не размислува дека на другите им е непријатно во пандемија да бидат покрај некој што кашла.

Овенот веќе одамна си заминал, не може да го трпи ова лудило.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...

Најчитани неделава