Годишен хороскоп за 2021: Бик

За родените во знакот на Бик, 2021 година ќе биде среќна година и ќе биде одбележана со промени на љубовно и професионално поле.

godishen-horoskop-za-2021-BIK-01.jpg

Февруари, април и мај ќе бидат најдобри месеци за Биковите да истражуваат нови места и да стекнат колку што е можно повеќе знаење од разни области на интерес.

Биковите се заљубени во музика и уметност, комуникативни се и друштвени и имаат одлична смисла за хумор, во нив царува романтика, но и тврдоглавост, а во 2021 ќе дојде до промени во нивниот живот.

Ќе биде зголемена потребата за љубов и внимание, можни се нови професионални можности, ќе имаат добар ментор и еден ден може да го достигнат посакуваното ниво за да си отворат свој бизнис.

Финансии и работа

Венера е планетата која владее со вашиот знак, а ќе се задржи во финансискиот сектор од април до почетокот на август. Овој период е посебно нагласен како потенцијален за промени во финансискиот статус.

Преговорите ќе се одвиваат додека не потпишете важен договор или додека не се донесе важна одлука, а тоа може да се оствари околу јуни.

Крајот на годината може уште повеќе да ви се посреќни со нов „финансиски шприц“ кој ќе ве подбутне полесно да ја завршите 2021 година и да ја започнете новата.

На професионално поле ќе наидете на повеќе пречки кои ќе бидат непожелни за вашите нерви, но клучно е да останете упорни и да го барате она што мислите дека го заслужувате.

Можно е да ја промените професијата, бидејќи моменталната повеќе не буди ништо во вас, освен монотона рутина која не ви годи.

На почетокот на годината ќе се остварат промените кај повеќето Бикови, а од 3 февруари до 21 март важно е да вложите повеќе труд на ова поле. Ова е периодот кога се очекува да се оствари напредување или промена на работата.

Повеќе промени во работниот живот се очекуваат во периодот јуни/јули.

Во последните месеци од годината ќе мора да покажете сериозност и да не го мешате приватниот со професионалниот живот.

Љубов

Биковите кои се во врска, ќе го гледаат партнерот од нов агол во 2021, а врската ќе се освежи целосно и кај повеќето ќе дојде до стапување во брак. Жените во знакот на Бик ќе донесат дете на светот.

Слободните Бикови ќе ја имаат среќата на своја страна и ќе имаат шанса да ја пронајдат сродната душа. За таа цел, не се затворајте во себе и не го поминувајте целото време сами дома.

2021 ќе биде година на подобрување на љубовниот живот, посебно кај оние кои се во врска на далечина. Ќе дојде до зближување и соединување.

Се забележува раст на ова поле, посебно во август и септември, а во мај може да започне процесот на промени.

Уште од почетокот на годината Биковите ќе ги облее чувство на љубовно задоволство и расположение кое ќе се отсликува на овој сектор.

Следете го внатрешниот глас и срцето, но не дозволувајте „љубовни уцени“ и не го заборавајте разумот во клучни моменти.

Мажите родени во знакот на Бик ќе бидат заштитнички поставени и целосно посветени на исполнување на желбите на партнерката и нејзиното добро. На моменти премногу фантазирате, но вашата партнерка ќе ве спушта на земја. Имате можност слободно да се изразувате.

Жените пак кои се родени во знакот на Бик, на почетокот може да почувствуваат монотонија, но набрзо нешто ќе им ги обнови страстите.

Здравје

Во текот на годината можни се повремени главоболки, иритација на дишните патишта или вирусни инфекции, нема ништо сериозно и вредно за грижи, но важно е да правите редовни контроли, како и да ги преземете сите потребни мерки за заштита.

Биковите ќе мора да обрнат повеќе внимание на она што ќе го внесуваат во себе во текот на 2021. Сериозно пристапете кон проблемот со зголемено консумирање на алкохол и лекови, доколку сте претерале, можно е да бидете склони кон инфекции и ослабнат имунитет.

Слатките задоволства ќе ве носат во искушенија, но кон пролетните месеци можно е да го ставите во ред начинот на исхрана.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите? Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg