Љубовен хороскоп за јануари 2021: Вагите ќе имаат несогласувања и незадоволство, Близнаците ќе почнат заеднички живот

ljuboven-horoskop-za-januari-2021-1.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Од 6-ти јануари се очекува да влезете во не толку добра фаза. Овој период ќе ви донесе тешкотии во односот со саканата личност. Партнерот ќе биде оптоварен со разни проблеми и нема да има трпение за вас. Фрустрациите влијаат лошо на љубовната врска, а на вас ви е потребна поголема динамика и забавни активности, додека партнерот е оптоварен со финансии. Втората половина ќе биде стресна, но вашата потреба за подобрување и внесување новитети ќе наиде на отпор. Позитивни промени се очекуваат кон крајот на месецот.

Ако сте слободни:

Ќе „паднете“ на личност која ќе ја запознаете на некој настан или на социјални мрежи. Ќе бидете прилично активни на сите профили и ќе ви се допаѓа наклонетоста која ќе ја има кон вас. Ќе имате чувство дека се познавате со години и дека знае што ви е потребно. Сепак внимавајте, кај некои Ваги тоа ќе биде само лажен прв впечаток. Бидете на сигурно дали и другата личност е за врска или за минлива авантура.

Скорпија

Ако сте во врска:

Првиот дел од месецот ќе ви донесе повеќе време за заеднички мигови со партнерот, но тоа истовремено може да предизвика и некој вид на напнатост. Атмосферата ќе ве тера почесто да разговарате за работи кои секогаш создаваат несогласување, што ќе доведе до кавги. На вашиот партнер му е потребна поголема поддршка и разбирање од вас. Кон средината на месецот можни се несогласувања во семејството и неможност за договор околу некои семејни обврски. Крајот на месецот ќе ве натера да внесете новитети во врската за да не дозволите целосно оладување на односите.

Ако сте слободни:

Почетокот на новата година ви носи познанство со личност која ќе ве привлече со својата внатрешна топлина. Нема да се познавате многу, а веќе ќе се разбирате со поглед иако само кратко време сте остварувале комуникација. Ќе уживате во заедничкото време и активности и до крајот на месецот веќе може да запловите во романтична врска.

Стрелец

Ако сте во врска:

Поставеноста на планетите во јануари ќе донесе подобар однос со саканата личност, подобрена комуникација и повеќе страсти. Ќе си одговарате еден со друг и ќе можете да си ги остварите заедничките цели на подолг рок. Кон средината на месецот можна е неочекувана напнатост во односот, а причината ќе биде нешто што долго време сте одложувале да го решите и се таложел немир. Разговарајте за работите од кои не сте задоволни.

Ако сте слободни:

Првата декада од месецот ќе ви донесе личности кои ќе ви го привлечат вниманието. Ќе ви годи вниманието кое го добивате, но повеќе ќе уживате во физичката привлечност, бидејќи нема посебна хемија која има потенцијал за сериозна врска. Во втората половина на месецот можно е некој друг да ви го одвлече вниманието од погрешната личност.

Јарец

Ако сте во врска:

Ве очекуваат заеднички моменти полни со усогласување на желбите и замислите за животот. Ќе уживате во интимни моменти во кои може да се опуштите и да се исклучите од динамичното секојдневие. Сепак, нема да дозволите да ве обземе монотонија, па сами ќе си создавате забавни активности. Втората половина од месецот е многу поволна за остварување на некои долго замислувани планови. Ве очекуваат квалитетни промени.

Ако сте слободни:

Личноста која срамежливо ви испраќа сигнали дека ѝ се допаѓате, конечно ќе добие зелено светло од вас. Ќе прифатите да излезете и да се запознаете подобро. За кратко време ќе ви влезе во животот. Срамежливоста кај личноста ќе ви биде симпатична, а брзо ќе најдете заеднички интереси и ќе сфатите дека ви одговара и некој што е поповлечен.

Водолија

Ако сте во врска:

Во вас ќе владее некое добро чувство дека врската ви оди во одличен правец, а ќе уживате во мноштвото интимни моменти со саканата личност. Имате желба да си удоволувате еден со друг и често ќе правите мали изненадувања за зачинување на односите. Врската ќе добие на квалитет и ќе имате идеи како уште повеќе да ја зајакнете и освежите. Бидете внимателни при решавањето на некои семејни прашања и домашни обврски.

Ако сте слободни:

Ќе бидете занесени и склони кон идеализирање на некоја личност која ќе ве привлече на прв поглед, без да гледате реално на ситуацијата. Бидете одмерени во реакциите. Со секоја ситница си се уверувате дека тоа е личноста за вас, но проблемот е во тоа што таа личност не гледа така на овој однос. Иако не сте за слободна врска, сепак некои од Водолиите ќе дадат шанса во обид да ја задржат личноста …

Риби

Ако сте во врска:

Во почетокот на месецот ќе бидете во фаза на дружење и излегување заедно со саканата личност. Ќе водите активен живот, што на двајцата ќе ви годи. Ќе имате повеќе време да се посветите еден на други и ќе се препуштите на интимните моменти. Несогласувањата нема да ве одминат и вас овој месец, но ќе бидете целосно фокусирани на заедничките остварувања, па лесно ќе ги надминувате. Преовладуваат искрени чувства, разбирање и поддршка.

Ако сте слободни:

Во месец јануари ќе ви се разбудат страстите и ќе се впуштите во авантура. Во првата половина ќе се гледате со личност, а среќата ќе сакате да ја зачувате за себе, па во прво време нема да имате желба за споделување со блиските. Првичните страсти може брзо да спласнат, но постои можност да ја одржите авантурата и да прерасне во нешто повеќе до крајот на месецот.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg