Биковите почитуваат сообраќајни знаци, Девиците критикуваат пешаци – Какви возачи се хороскопските знаци?

Овенот и Скорпијата се знаците за кои има најголема веројатност да поминат на црвено. Рибите ќе вложуваат во скапи навлаки за седиштата. Лавот како крал на зодијакот ќе посака највпечатлив и најмоќен автомобил…

bikovite-pochituvaat-soobrakjajni-znaci-devicite-kritikuvaat-peshaci-kakvi-vozachi-se-horoskopskite-znaci-01.jpg

Какви се знаците кога станува збор за возењето и каков автомобил најмногу им одговара на карактерот?

Овен

Иако припадниците на овој знак се обично добри и способни возачи, тие се склони кон несовесни и надмоќни реакции при возење. За Овните забрзувањето на крстосниците е сосема типично, како и поминување на жолто светло. Тие се нервозни и ги нервираат другите возачи едноставно од навика.

Овните обожаваат полирани и нови автомобили во кои може да се истакнат, а немаат и ништо против кабриолетите. Идеалното возило за нив е Mitsubishi Lancer, Mazda RX-8 и Porsche 911.

Бик

Припадниците на овој знак најчесто ќе ги видите како ја пеат својата омилена песна зад воланот и ги мрдаат главите во ритамот на музиката. Биковите не се љубители на брзината и може да се каже дека се совесни возачи. Тие ги следат сообраќајните правила повеќе од кој било друг знак.

Нивниот омилен автомобил е оној што изгледа импресивно и ново, а е познат по својата безбедност. Идеално возило за нив е Ford Fusion, Chrysler 200 и Toyota RAV4 SUV.

Близнаци

Припадниците на овој знак се вешти возачи кои најлесно ќе ги забележите со мобилниот телефон во раката. Близнаците се истакнуваат како одлични „мултитаскери“ во животот, па затоа не им претставува проблем да јадат, да пијат кафе, да се нашминкаат или да телефонираат зад воланот.

Тие сакаат модерни и практични автомобили во живописни бои. Идеалното возило за нив е Mini Cooper, Mercedes SUV или Volkswagen Eos.

Рак

Раковите се малку нервозни возачи кои честопати пцујат во себеси, но и ја притискаат свирката за да ги опоменат туѓите постапки или ќе зјапаат во возачот кој ќе има ја одземе предноста.

Сепак, тие се совесни возачи и најчесто ги почитуваат сообраќајните прописи. Во автомобилите најчесто стават разни украси и обожаваат долги патувања во одбрано друштво. Идеално возило за нив е Honda Accord, Volvo station wagon и BMW X5.

Лав

Овој огнен знак е одличен возач и љубител на брзината. Лавот е прилично суетен во возењето и честопати се натпреварува со други возачи во својата глава.

Во возењето, како и во животот, тој сака да привлекува внимание, а тоа го прави со специјални таблички, налепници и натписи на автомобилот. Омиленото возило на Лавовите е големо и скапо. Идеално возило за нив е Volkswagen Beetle, Honda Civic и Ferrari.

Девица

Припадниците на овој знак се често добри возачи, но и многу критични кон сите други учесници во сообраќајот, од пешаци до велосипедисти и другите возачи.

Додека возат, тие внимателно забавуваат за да не го оштетат автомобилот врз „лежечките полицајци“, а исто така и внимателно ќе ги проверат нивоата на масло и течноста за шофершајбната.

Тие сакаат големи и удобни автомобили, а нивниот автомобил од соништата е џип. Идеално возило за нив е Subaru Impreza, Honda Accord и Toyota Prius.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg