Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Биковите почитуваат сообраќајни знаци, Девиците критикуваат пешаци – Какви возачи се хороскопските знаци?

Вага

Иако се вешти возачи, припадниците на овој знак не ги познаваат доволно сообраќајните знаци и прописи. Тие обично самите се предизвикувачи на несакани ситуации затоа што не обрнуваат доволно внимание на она што се случува околу нив.

Тие исто така се склони кон гласна музика и телефонски повици за време на возењето, што никако не е добро.

Вагите не се грижат толку за видот на автомобилот, но важно им е истиот да има одлична опрема. Идеално возило за нив е некој од BMW Серија 7, Škoda Octavia и Toyota 4Runner.

Скорпија

Припадниците на овој знак се темпераментни возачи кои лесно губат нервоза во сообраќајот. Обожаваат брзо возење, а понекогаш го доживуваат сообраќајот како игра и предвидуваат во која лента ќе се префрлат другите возачи или за колку секунди ќе се запали зелено светло.

Тие сакаат брзи автомобили со силни мотори, а обожаваат и ноќно возење. Идеално возило за нив се Hummer H2, Mazda speed3 и Hyundai Elantra.

Стрелец

Стрелците се познати по своите добри вештини за паркирање, а возењето го доживуваат како еден вид на спорт. Затоа, казните за брзо возење не им се непозната именка и тие понекогаш веруваат премногу во своите способности.

Нивните омилени автомобили се спортски верзии на сите реномирани возила. Идеално возило за нив се Ford Explorer, Toyota Tundra и Nissan Altima Sedan.

Јарец

Сигурни и ефикасни возачи, Јарците повеќе сакаат да возат под дозволената граница на брзината на патот отколку над неа. Тие ќе обрнат внимание на оптималната потрошувачка на гориво и ќе се придржуваат до непишаните правила на сообраќајната култура.

Јарците воедно ќе се навредат доколку возачот којшто го пропуштиле не им даде некој знак за благодарност.

Одличен избор на автомобил за нив е модерен модел познат по безбедноста и обично во темна нијанса. Идеално возило за нив е Toyota Corolla, седанот Lexus и Mercedes Benz S класа.

Водолија

Припадниците на овој знак се природни возачи кои не се оптоваруваат премногу со возењето. Автомобилот им служи за да стигнат до нивната дестинација. Тие се снаоѓаат прилично добро на непознати улици и се забавуваат со гледање на други возачи во сообраќајот.

Најмногу ги вознемирува погледот на сообраќаен полицаец, бидејќи Водолијата е убедена дека тој е човек кој смислил некој заговор против него.

Водолиите воедно се меѓу оние кои најмногу пцујат зад воланот и сакаат класични автомобили, па дури и олдтајмери. Идеално возило за Водолија е Alfa Romeo, Opel Insignia и Lamborghini.

Риби

Припадниците на овој знак се прилично мирни и стабилни возачи, а позицијата зад воланот е идеална за размислување. Тие возат фер во сообраќајот и со задоволство ќе им помогнат на другите возачи.

Рибите не се особено добри во паркирањето, а она што може најмногу да ги извади од такт се честите дефекти на автомобилот. Рибите сакаат помали и помодерни автомобили, а исто така ќе вложуваат во убави навлаки за седиштата. Идеално возило за нив е купето Audi TT, Maruti Suzuki SX4 и Volkswagen Buba.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg