Најлошите партнери во астрологијата: Веднаш ќе ве напуштат штом дојде некој „подобар“

Лојалноста на овие три знака воопшто не им е силна страна. Кога станува збор за астрологијата, некои знаци се едноставно поверни од другите.

Najlosite-partneri-vo-astrologijata-01.jpg

Овие хороскопски знаци во никој случај не се она што се прикажуваат дека се и тие ќе ве остават штом се појави можноста за некој подобар во нивните очи:

Близнаци

Тие мислат дека точно знаат што сакаат, додека не се предомислат. Близнаците ги менуваат одлуките онака како што дува ветрот, нестабилни се и (нормално) по малку дволични.

Ќе ве остават во моментот кога ќе им падне на памет дека сакаат партнер што физички изгледа подобро од вас.

Овен

Овните се страсни, сакаат да бидат во центарот на вниманието и на почетокот се воодушевени од личноста со којашто се во врска. За жал, страста и ентузијазмот брзо опаѓаат кај нив и Овенот бара некој друг што ќе го стави во центарот на вниманието.

Девица

Перфекционистите кои се опседнати со ред, дисциплина и чистота најчесто сакаат да биде сè по нивно, онака како што тие си замислиле.

Ќе побегнат на првиот знак на слабост на партнерот, бидејќи не може да сфатат дека тој е човек од крв и месо. Бараат безгрешност и совршенство, што секако – не постојат.

Скорпија

Скорпиите се многу страсни на почетокот на врската и токму поради ова честопати брзаат во нешто што воопшто не е за нив.

Откако ќе сфатат што се крие под површината на личноста во која се „затрескале“, тие се откажуваат и повторно „паѓаат‘ на некој друг, водени од истите површни страсти, повторувајќи ја истата грешка одново и одново.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...

Најчитани неделава