Флертуваат толку ужасно, што дури ќе ве фати смеа – 3 знаци кои немаат романтични вештини

Некои знаци според астрологијата се родени шармери и заводници. Други пак немаат многу среќа на тоа поле. Или немаат вроден талент за флерт и романтика или пак воопшто не сакаат да се потрудат.

Tri-znaci-koi-nemaat-romanticni-veshtini-01.jpg

Кои 3 знаци флертуваат толку лошо што дури ќе ве фати смеа?

Близнаци

Иако многу сакаат да зборуваат и да бидат секогаш во центарот на вниманието, Близнаците не се многу вешти говорници. Затоа флертот им оди толку тешко. Не се решителни, се колебаат, не умеат да препознаат никакви сигнали, ниту пак да им ги дадат на другата страна.

Несмасни се, дури и чудни кога се обидуваат да му дадат до знаење на другиот дека им се допаѓа. Но, ова однесување ги прави шармантни, интересни и симпатични, па „обратната“ стратегија понекогаш успева добро да функционира.

Риби

Рибите се срамежливи и интровертни. Тие нема да сфатат дека флертувате со нив, па макар им „нацртале“. Премногу се внимателни и воздржани, никогаш нема први да ги искажат своите чувства, а ретко може да препознаат и кога некој друг флертува со нив.

Кога се работи за флерт, практично се безнадежни. Затоа, многу се радуваат кога другата страна е поопуштена и ќе ја сработи целата работа наместо нив.

Јарец

Секогаш полни со самодоверба, амбициозни и јасно насочени кон целта. Јарците имаат план за сè, освен за љубовта. Едноставно немаат време за некаков си флерт и слатки разговори.

Кај нив нема многу простор за романса. Сакаат да се впуштат во долги и сериозни врски, но радо би го скокнале сето тоа долго, бавно запознавање со партнерот. Но, барем секогаш ќе знаете „на што сте“ со Јарецот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...

Најчитани неделава