Кои се најтрапавите хороскопски знаци?

И наједноставните работи, за трапавите луѓе знаат да завршат катастрофално - но, тоа не ги прави лоши, само... едноставно несмасни.

koi-se-najtrapavite-horoskopski-znaci-001.jpg

Понекогаш од поспаност, понекогаш од мрзеливост или едноставно невнимание – ова се најтрапавите хороскопски знаци:

Стрелец

Стрелците речиси секаде можат да направат неред, па најдобро е да се држат настрана од кујна или други простории каде има кршливи, остри предмети. Често се потчукнуваат од мебелот и се лизгаат на мокар под.

Риби

Рибите голем дел од времето го поминуваат во извинување зошто не сакајќи се чукнале при разминување или едноставно скршиле нешто. Иако се трудат да не бидат трапави и внимаваат, сепак среќата не е на нивна страна.

Близнаци

Близнаците се зборлести и сакаат да гестикулираат со рацете кога нешто објаснуваат, па тука се случуваат незгодите. Понекогаш тоа резултира со кршење на предмети и ненамерно повредување, поради што не ги бие најдобар глас во друштвото.

Девица

Кога Девицата ќе види предупредување дека подот е мокар, наместо да го заобиколи, решава да ја предизвика судбината. Иако се свесни дека се трапави, сакаат да се убедат дека не е точно.

Вага

Вагите имаат многу несмасни моменти, а токму тие се смешни приказни кои се раскажуваат со месеци. За среќа, трапавоста на Вагите им стои сосема симпатично. Голем плус е што и сами си го признаваат тоа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава