5 хороскопски парови кои се подобри пријатели, отколку партнери

Некои комбинации на хороскопски знаци се посебно компатибилни, но сепак подобро функционираат како пријатели, отколку во врска.

5-horoskopski-znaci-koi-se-podobri-prijateli-otkolku-partneri-001_resize.jpg

За да не „заглавувате“ во врски без иднина, односно врски кои е подобро да останат само пријателства, проверете го списокот:

Близнаци и Овен

Љубовната врска никогаш нема да се оствари бидејќи и двата знака имаат многу незамисливи и несекојдневни идеи кои е тешко да ги реализираат како пар, но затоа како пријатели може да направат чуда.

Сакаат да навлегуваат во длабоки расправии и дискусии, што ако се случува секојдневно, знае да биде емоционално исцрпувачки.

Рак и Риби

По природа се сродни души, ја ценат емоционалната искреност, па пријателството помеѓу нив доаѓа инстинктивно.

Но, и на двата знаци им треба неверојатна емоционална поддршка, па тоа барање на големи резерви на разбирање, кога – тогаш пука.

Бик и Јарец

Ако постојат два знаци кои најцврсто стојат на земја, тогаш тоа се Бикот и Јарецот. Точно знаат како ги сакаат работите и иако другите ги нервира нивната опседнатост за детали, тие уживаат во неа.

Во романтичните односи е тешко да внесат рамнотежа во секојдневието, бидејќи не се склони на компромиси и жртви.

Лав и Стрелец

Спојот на два огнени знаци е секогаш експлозивен, но иако страсно се привлекуваат, спарувањето на Лав и Стрелец може да биде сериозен извор на конфликти и бурни кавги.

Длабоката поврзаност најдобро ја негуваат низ пријателство, во кое нема потреба да се борат за доминација.

Девица и Скорпија

И Девиците и Скорпиите сакаат да ги држат плановите во тајност, па тоа премолчување сериозно може да направи љубовни проблеми.

Од друга страна, резервираноста и тишината може да се негуваат низ долгогодишно пријателство, без притоа да се претерува со навлегување во личниот простор.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...

Најчитани неделава