Хороскопските знаци на летување: Девицата се нервира што Скорпијата јаде на прва патарина, Јарецот брои пари и се ценка

Девицата излудува заради трошките кои Скорпијата ги направила додека скришно го јаде сендвичот уште на првата патарина, кога ќе стигнат Стрелецот веднаш го истражува местото, додека Јарецот се пребројува колку ќе потроши и дали има доволно за екскурзии - што прават сите хороскопски знаци на летување?

horoskopskite-znaci-na-letuvanje-devicata-se-nervira-shto-skorpijata-jade-na-prva-patarina-jarecot-broi-pari-i-se-cenka-01 (2).jpg

Можете ли да замислите сите 12 хороскопски знаци да патуваат и да бидат сместени заедно на море? Секој со различен карактер, навики и желби... 

Кој излудува од туѓите постапки, кој ужива и си се гледа само себе, а кој сака да се фали на социјални мрежи?

Како изгледа кога хороскопските знаци одат на летен одмор?

Додека патуваат:

Овенот се нервира што возилото не оди побрзо, а Девицата излудува заради трошките кои Скорпијата ги направила додека скришно го јаде сендвичот уште на првата патарина.

Стрелецот се перчи со огромни очила за сонце и нозете ги сонча испружени на предното седиште, заради што Ракот почнува да плаче од нервоза.

Близнаците веќе имаат сменето неколку статуси на Фејсбук со обележување на секое застанување и тргнување и раскажување кој што прави.

Вагата внимава да не си ја истуткка и извалка облеката и љубезно го моли Бикот да се потргне од неа додека пие кафе и јаде за да не ја извалка.

Лавот е излезен на прозор и им мавта на сите што ќе поминат затоа што е убеден дека сите гледаат во него.

Јарецот си ги пребројува парите и пресметува колку ќе троши просечно на ден, а Водолијата ги пробува летните реквизити и размислува на кои екскурзии ќе отиде.

Рибите спијат и чекаат лудилото по пат да помине за да им почне одморот.

horoskopskite-znaci-na-letuvanje-devicata-se-nervira-shto-skorpijata-jade-na-prva-patarina-jarecot-broi-pari-i-se-cenka-02.jpg

Кога ќе се сместат:

„Конечно стигнавме“ – пишуваат Близнаците на Фејсбук и Инстаграм, а Водолиите веднаш ставаат коментар. Овенот веќе е заминат да се бања во море уште пред да се смести како што треба.

Скорпијата почнува да се распакува и да реди работи, па го окупира тоалетот, заради што Вагата излудува пред врата затоа што мора да се среди и да се пресоблече.

Девицата има нервен слом бидејќи собата е во тотален хаос и неред и никој не си ги средил работите. Стрелецот е веќе заминат на разгледување на туристичкото место, а Бикот бира риба за на скара.

Ракот одговорно подготвува супа за сите, додека Јарецот уште еднаш ги пребројува парите откако веќе го направил првото пазарење и малку се истрошил, па се ценка со сопственикот на апартманот.

Лавот на тераса позира и влегува во филм дека минувачите го сликаат, а Рибите полека се будат и размислуваат за смислата на животот.

horoskopskite-znaci-na-letuvanje-devicata-se-nervira-shto-skorpijata-jade-na-prva-patarina-jarecot-broi-pari-i-se-cenka-03.jpg

На плажа:

„Јухуу, конечно на плажа“ – пишува во новата фотка на Близнаците, а на фотката Девицата е скриена под шешир и во рака држи крем со заштитен фактор 50.

Ракот е замотан во пешкир со ликови од цртани филмови, а Вагата носи костим за капење со вредност на половен автомобил. Лавот се фали со својата неодолива фигура, Рибите не се одлепуваат од својот фотоапарат, а Стрелецот, Лавот и Вагата прават недолични гестикулации.

Скорпијата го врти грбот и забранува да ја објавуваат. Водолијата се слика со маска за нуркање и пераи, Јарецот е подготвен со три книги додека се сонча, а Бикот веќе лиже трет сладолед.

Овенот го нема на фотката затоа што отпливал 200 метри.

horoskopskite-znaci-na-letuvanje-devicata-se-nervira-shto-skorpijata-jade-na-prva-patarina-jarecot-broi-pari-i-se-cenka-04.jpg

На вечерна дружба:

„Party Night“ пишуваат Близнаците на социјалните мрежи и не објавуваат селфи затоа што сите се изгорени од сонцето освен Девицата. Бикот ја распалува скарата, а Лавот се расправа и тврди дека знае подобро да прави скара.

Стрелецот веќе ги викнал на дружба и оние од соседните апартмани, а на Скорпијата тоа не ѝ се допаѓа па се мршти. Ракот им сервира на сите чинии и ги тови со овошје и салати.

Вагата е облечена во свечен фустан и ги наговара Рибите да се сликаат во сите пози.

Водолиите предлагаат следниот ден да се оди на нуркање или на некоја друга екскурзија, Јарецот пресметува дали тоа му е исплатливо, а Овенот е заминат на ноќно пливање.

horoskopskite-znaci-na-letuvanje-devicata-se-nervira-shto-skorpijata-jade-na-prva-patarina-jarecot-broi-pari-i-se-cenka-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак? Девиците ќе заштедат така што ќе научат нови вештини, а Скорпиите треба да се др...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Мрачен хороскоп: Во кои знаци се раѓаат најмногу сериски убијци? На листата сериски убијци родени во знакот на Скорпија има седум имиња, а меѓу н...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg