Бикот се плаши дека ќе снема пари, Јарецот од губење на честа и образот – Што најмногу го плаши секој од знаците?

Вага

Вагата ја ужаснуваат скандали во кои таа е главната улога, како и јавен презир и потсмев. Таа ќе направи сè да им се допадне на луѓето, па кога ќе наиде на неодобрување честопати се разочарува.

Потајно, Вагата е голем хипохондрик. Уште пред да ги направи испитувањата, таа ќе си заврти 1000 страшни филмови дека судниот ден е веднаш зад аголот. Губењето на самоконтролата слично како и кај Девицата е исто така голем страв за Вагата.

Скорпија

Го барате најхрабриот знак во зодијакот? Верувале или не, тоа е Скорпијата. Навистина малку работи ја плашат една Скорпија, но генерално таа се плаши од староста, смртта, болести и сиромаштија.

Губењето на сексуалната моќ и ниското либидо се исто така дел од стравовите на една Скорпија, како и луѓето кои се обидуваат да доминираат со неа и да ѝ ја одземат независноста и слободата.

Стрелец

Стрелецот не може да спие навечер од страв дека неговиот партнер му крие одредени работи. Исто така се плаши да го испита минатото на партнерот за да не дознае некои лоши работи кои нема да ги прости.

Стрелецот се ужаснува од озборувања и интриги на работното место, како и од луѓе кои умеат вешто да манипулираат. Затоа секогаш се држи подалеку од ваквите.

Јарец

Јарецот не е отворен кон нови луѓе, нови земји и вкусови, што значи дека секоја нова авантура го плаши. За него честа и образот се најбитното нешто што не се купува со пари, па ако си ги изгубил нив – си изгубил практично сè во животот.

Нема да го признаат ова, но Јарците се плашат од натприродни работи, толкување на соништа и магии. За нив, окултното и мистичното е црвена, забранета зона за влез.

Водолија

Најголемиот страв на Водолијата се однесува на губењето на миленичето. Потоа, сè што се движи во границите на просечноста – љубовта, работата и семејството е кошмар за една Водолија.

Таа сака работи кои се над просекот, фантастични и извонредни бидејќи не се задоволува со медиокритет. Водолијата се плаши дека ќе го изгуби угледот во општеството и дека сите ќе ја покажуваат со прст каде и да помине.

Риби

Рибите се плашат од сета суровост на реалноста и овој дел од животот решаваат да го поминат со затворени уши и очи, тивко медитирајќи и затворајќи се во својот мал свет.

Тие се добри во неколку работи, а кога некој се покажува како подобар и поспособен од нив и ги претекнува, почнуваат да чувствуваат силен страв и загриженост. Кога ја губат моќта за која силно работеле за нив е најголемиот животен пораз.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg