Лавот доживува средовечна криза, Стрелецот бара некој подобар – Зошто знаците изневеруваат?

Кој колку изневерува согласно астрологијата и уште побитно – зошто? Постои група на таканаречени емоционални изневерници кои се поврзуваат на духовно и интелектуално ниво со други луѓе, и не се премногу заинтересирани за самиот сексуален чин.

Zoshto-znacite-izneveruvaat-01.jpg

Други пак, како Скорпијата, ги интересира само физичкото, односно сексуалното задоволство. 

Колку и зошто изневерувате според хороскопскиот знак?

Овен

Поради големото его, Овенот е секогаш во потрага по внимание. Сака да флертува и најчесто е поттикнат од емоциите, не и од сексуалната возбуда.

Овенот е огнен знак, но не посегнува по забрането овошје. Ќе се реши да изневери само доколку дознае дека партнерот веќе го изневерил, чисто за да ги израмни сметките.

Бик

Бикот е еден од најверните знаци во зодијакот. Самата помисла на неверство му создава мачнина и солзи. Но, слично како и Овенот, доколку дознае дека е изневерен, ќе врати „мило за драго“.

Ова воедно е знак што никогаш нема да прости неверство, бидејќи силно верува дека скршеното не може да се залепи.

Близнаци

Доколку Близнаците најдат некој со кого ќе се поврзат на интелектуално ниво и ќе водат разговори длабоко во ноќта до раните утрински часови, тие се способни за неверство.

За нив, овој вид на неверство, односно ваквото интимно поврзување со нечија душа е многу пострашно отколку телесниот, сексуален акт.

Рак

Ракот ќе „умре“ од грижа на совест доколку го изневери партнерот. Многу веројатно е дека ќе го признае тоа во првите 5 минути.

Доколку, пак, се одлучи на неверство, многу лесно се вплеткува во љубовни триаголници.

Ракот има ниска самодоверба, па со самото тоа што некој му посветил внимание ќе го натера да ја изгуби главата во облаци.

Лав

Како типичен огнен знак, Лавот копнее по адреналин и возбуда. Себеси се смета за надарен љубовник и ќе направи сè за да го докаже тоа.

Лавовите се особено подложни на средовечна криза. Честопати менуваат постари за помлади партнери, покрај кои тие самите ќе се чувствуваат помладо.

Девица

Девиците, слично како и Близнаците, ѝ припаѓаат на групата на емоционални изневерници. Но, тие чувствуваат и силна грижа на совест.

Девиците ќе се решат на неверство доколку ги презеле сите чекори за да ја подобрат врската, а таа сепак оди во пропаст, или доколку силно се поврзат со некого на спиритуално ниво.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Со нив не е лесно: Жените родени во овие 5 хороскопски знаци имаат најтежок и најсложен карактер За нив целите ги оправдуваат средствата, умеат да бидат агресивни и нервозни, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg