3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска

Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без разлика колку е добар нивниот партнер, тие секогаш ќе имаат по некоја замерка.

3-horoskopski-znaci-koi-se-najloshi-devojki-za-ljubovna-vrska-01.jpg

Кога станува збор за љубовни врски, веројатно не постои личност која е совршен партнер.

Сите си имаме недостатоци и сите сме склони кон грешки кои понекогаш ја нарушуваат хармонијата во врската.

Но, кај некои луѓе негативните карактеристики се поистакнати кога се во врска.

Три хороскопски знаци кои некогаш спаѓаат во оваа категорија:

Овен

Овните сакаат да контролираат сè околу себе, вклучувајќи ги и нивните партнери.

Воопшто не им е тешко да ги наметнуваат нивните правила и желби.

На почетокот, нивната голема самодоверба им изгледа привлечно на партнерот, но по некое време може и да им пречи.

На Овните им е тешко да се поврзат со други доминанти луѓе или партнери кои претставуваат и најмала закана за нивната моќ.

Притоа, некогаш не го контролираат темпераментот и кажуваат работи без да размислат за последиците.

Кога ќе си ги воочат грешките, Овните сепак се извинуваат, но за ова е потребно време.

3-horoskopski-znaci-koi-se-najloshi-devojki-za-ljubovna-vrska-02.jpg

Девица

Девиците се многу критички настроени личности и кон себе, и кон нивните партнери.

Без разлика колку е добар нивниот партнер, тие секогаш ќе најдат замерка.

На Девиците им треба партнер кој е самоуверен и не обрнува премногу внимание на нивните замерки.

Постојаното критикување од страна на Девиците неретко изгледа како љубомора.

Истовремено, тие бараат партнерот да им го посвети целото внимание и одат до тој степен, што може да го изолираат од пријателите.

На Девиците им е тешко да се сакаат себеси, па оттука потекнуваат проблемите што ги создаваат во врската.

Скорпија

Скорпиите се забавни и можат да бидат добри партнери, но неретко не сакат да се посветат само на една личност.

Подобро им е да се сами и да си го живеат животот по свои правила.

Шармантни се и другите лесно „паѓаат“ на ова, но на Скорпиите им е тешко да се посветат на врската.

Можат да бидат брутално искрени, но од друга страна да кријат кога нешто не им се допаѓа.

Кога се гневни на партнерот, пробуваат тивко да му се одмаздат наместо да најдат решение со разговор.

Ако нивниот партнер е трпелива личност, само тогаш врската има шанси да опстане.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg